Го соблече шалот и со него го покри уличното куче што се смрзнуваше поради студот (видео)

По излегување од кафулето Дујгма Елма, го виде бездомното куче како се тресе и не остана рамнодушна. Она што го направи го снимаше камерата за надгледување што се наоѓа покрај кафулето во турскиот град Зонгулдаки, а видеото се рашири низ социјалните мрежи.

Уличното кучето спиеше под една настрешница каде што најде засолниште од дождот, но таа не му обезбедуваше никаква заштита од студот. Гледајќи го кутрото животно, Дујгма без да размислува го симна својот шал и со него го покри кучето, за тоа да може барем малку да се стопли.

ADVERTISEMENT

 

Откако видеото се рашири преку социјалните мрежи, еден познаник ја препозна девојката. „Не очекував дека мојот потег ќе привлече толку внимание, бев потполно изненадена. Беше студено и не можев да гледам како ова кутро куче се смрзнува”, изјави таа за попрталот „The Dodo“.

Facebook Comments
No Comments Yet

Comments are closed