Водителот Огњен Амиџиќ неодамна ја потврди радосната вест дека тој и неговата избраничка Мина Наумовиќ чекаат бебе.
фото инстаграм: Mина Наумовиќ
Популарниот пар веќе закажа свадба, а потоа ги спакува куферите и замина на одмор во Грција.
фото инстаграм: Mина Наумовиќ
Мина и Огњен уживаат на Миконос, а атрактивната водителка сега ја сподели првата фотографија па обожавателите имаа можност да видат како изгледа со трудничкото стомаче.
фото инстаграм: Mина Наумовиќ
Мина Наумовиќ израдува многумина со фотографија од летниот одмор.
фото инстаграм: Mина Наумовиќ
Таа позираше во тесен модерен фустан, со раката преку стомакот, додека дел од коментарите беа дека веќе и се гледа стомачето а Огњен веднаш реагираше со лајк на нејзината слика.
фото инстаграм: Mина Наумовиќ
Инаку Огњен и Мина ја започнаа врската во шоуто „Амиџи шоу“ и важат за еден од најкомпатибилните парови. Љубовта се случи спонтано и целосно им го промени животот.
фото инстаграм: Mина Наумовиќ
За многу кратко време Мина и Огњен започнаа заеднички живот само неколку месеци по разводот на водителот од манекенката Данијела.
фото инстаграм: Mина Наумовиќ
На големо се шпекулираше дека Огњен ја започнал врската со Мина уште додека бил во брак со Даниела.
фото инстаграм: Mина Наумовиќ
По веста дека очекува дете со новата партнерка манекенката не се огласи па останува на времето да покаже што таа мисли за одлуката Огњен да стане татко по втор пат со оглед на тоа дека веќе го има синот Матија.
фото инстаграм: Mина Наумовиќ
Огњен претходно за „Пинк“ изјави:
фото инстаграм: Mина Наумовиќ
– Точно е дека јас и Мина ќе станеме родители! Не планиравме да излезе веста сега, но кога излезе, нема да криеме дека и двајцата сме посреќни од кога било и едвај чекаме да дојде нашето бебе! Ќе има можност да разговараме за се во наредниот период, ви благодариме на разбирањето.