Миленикот на жените, Жика Јакшиќ неодамна се најде во неочекувана ситуација кога среде емисија една од учесничките на музичкиот натпревар „Никад није касно“ му даде предлог за брак.
Имено, шармантната натпреварувачка Јасминка Дујмовиќ Јасна му направи изненадување на водителот и автор на емисијата и го запроси јавно а секако никој не го очекуваше тоа и следуваше шок.
Облечена во бело и со бидермаер во рака, таа ја побара раката на Јакшиќ.
– Тука сум Жико, те молам извини. Го објавивте конкурсот, но никој не ми одговори жив. Или омажи се за мене или купи тамбура. Имам се, знам сè, само земи ме – рече Јасминка на што тој одговори во свој стил…
– Можам да те чувам додека не најдеме младоженец, да ти кажам. И да се женам, нема – низ смеа изјави водителот, додека еден од членовите на жирито извика:
Кој еднаш го каснала змија се плаши и од гуштер!
– Донесов бидермаер за да се ожениш за мене и да го фрлиш да видиш кој ќе биде следниот – рече таа.
– Не ме засмејувај, тоа не си го донела за џабе, мора да имаш некој – и рекол Жика.
– Па има, нема да те лажам. Нема да ти се лути, а нема ни да се ожени за мене – му одговорила Јасмина, а потоа решила да фрли бидермаер во публиката, и ги воодушеви сите во студиото.
Се шушка дека по трет пат ќе стапне на лудиот камен
Жика Јакшиќ веќе извесно време е во романтична и емотивна врска и тоа не го крие од медиумите.
Неодамна водителот прошета со својата нова избраничка Тијана Мијаиловиќ пред објективот на фоторепортертерите што доведе до шпекулации дека е на прагот да стапне на лудиот камен по трет пат.
Бидејќи се работи за прекрасна врска, полна со разбирање, поддршка, пред се љубов тоа би било логично, но сепак Жика и Тијана не брзаат.
Новата девојка на Жика Јакшиќ со својот шарм и интелигенција ги освои пријателите на авторот на емисијата „Никад није касно“, а за неа зборуваат само најдобро.
-Жика опасно се заљуби, не е јавна личност и воопшто не сака да се појавува во таблоидите. Со оглед на тоа дека работи сериозна работа, не и треба таков маркетинг… Пред шест месеци почнаа се повеќе да се среќаваат и да излегуваат заедно и се појавија „искри“. Жика беше тој што требаше малку повеќе да се потруди… Но, неговата нова љубов навистина го стави во ред, често се шегуваме со него дека не може да се оддалечи од својата девојка – изјави пријателот на Жика.