Реклама
Наши ѕвезди

Гоце Тодоровски СИ ЈА ОТВОРИ ДУШАТА – актерот откри за што најмногу жали во животот

Реклама

Еден од најпопуларните актери во земјава откри за што најмногу жали во животот.

Гоце Тодоровски со право се вбројува во листата на актери кои оставија белег на македонската театарска сцена. Тој е првиот актер кој го крсти својот син со исто име, а неговата ќерка Сашенка, Македонката со руско име. Како што вели мрази погреби, а да не може не би си дошол ниту на сопствениот.

Маркетинг

На сите ни е еден од омилените ликови од старите Македонски народни приказни.

ФОТО: Принтскрин

Заедно со Ѓорѓи Колозов, Ванчо Петрушевски, Шенка Колозова и Лазар Бараков, тие се петте темели на Македонските народни приказни. Легенди кои никогаш нема да бидат заборавени.

„Со мкедонските приказни, со Хихирику бев среќен актер, затоа што играв во најслушаната радио емисија и во најгледаната телевизиска емисија, заедно со Колозов, со Шенка Колозова и јас и Ванчо. Ние бевме костурот и осневоположници на брендот Македонски народни приказна. Имам снимено над 600 приказни.

Честопати се фалам дека имам поголема минутажа стоено пред камера, отколку еден од најголемите глумци во Америка Џон Вејн, кој има снимено во цела своја кариера околу 32 филма“, изјави Гоце во интервју за Сител телевизија.

Маркетинг
ФОТО: Принтскрин

Тој откри и како дошло до тоа да запише Академија за драмски уметности.

„Татко ми беше воено лице, сестра ми заврши средно економско, брат ми заврши аритектура средно, јас требаше да завршам средно градежно. Тој сакаше веднаш да бидеме со некоја струка. Јс бев меѓу најдобрите ученици во класот.

Заврши и Иван Петрушевски – Ванчо, мојот колега, другар, брат, кум, ние ме од петто одделение заедно, неразделни.Он сакаше да запише глума уште веднаш и отиде во Софија, таму полагаше и го примија, прва година заврши таму, јас овде завршив градежен факултет.

Кога бевме летото, после неговото завршување, отидовме во Бугарија на Црно море, во Бургас на летување 3-4 другари. На враќање неговиот пасош не му го вратија, туку му рекоа во Скопје ќе си го земеш. Во Скопје не му го даваа, дури после 3 години му го вратија и он мораше да запише втора академија тука. Баш таа година кога запиша, таа прва генерација се Колозов, Мајда, Лиле Велјанова и така“, раскажа Гоце.

ФОТО: Принтскрин

Додаде дека Ванчо тогаш почнал да го убедувал и тој да запише глума. Откако го примиле е договориле да не кажуваат дома на неговите дека студира глума, 3 години не кажал ништо.

Дури третата година кога завршил им соопштил дома дека има два индекси, по што како што објасни, на неговиот татко му се кренала коса на главата, а мајка му се разочарала.

ФОТО: Фејсбук / Гоце Тодоровски

Тој истакна дека едно нешто нема никогаш да прежали во животот, а тоа е заминувањето на неговиот кум, другар и колега Ванчо Петрушевски.

„Ние бевме тандем незаменлив. Кога ќе бевме ние заедно во претстава знаевме што ќе се случи, особено ако е комедија, си помагавме еден со друг. Доживеав голема жал и сѐ уште нема ден да не го спомнам“, заврши Гоце.

ФОТО: Фејсбук / Гоце Тодоровски

ФОТО:  Принтскрин

ФОТО: Фејсбук / Гоце Тодоровски

ФОТО: Фејсбук / Гоце Тодоровски

ФОТО:  Принтскрин

ФОТО: Фејсбук / Гоце Тодоровски

ФОТО:  Принтскрин

ФОТО: Фејсбук / Гоце Тодоровски

ФОТО:  Принтскрин

ФОТО:  Принтскрин

ФОТО:  Принтскрин

ФОТО: Фејсбук / Гоце Тодоровски

 

ФОТО:  Принтскрин

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button