Реклама
Наши ѕвезди

Гостин од Македонија направи хаос во бекстејџот – вакво нешто досега се нема случено во „Ѕвездите на Гранд“

Најинтересниот момент во последната емисија

Реклама

Јасмин Идризовиќ од Скопје се претстави во последната емисија од „Ѕвездите на Гранд“ предизвикувајќи го Алмир Делиќ од Србија.

По завршувањето на неговиот настап, Саша Поповиќ го повика Војо да открие кој дошол како поддршка на кандидатите, по што таткото на Јасмин, Изет, ги воодушеви сите и веднаш го украде шоуто.

„Бев на една аудиција ‘Никогаш не е доцна’, и тогаш Саша ми кажа ‘Вака се пее, јас не знам зошто вие се уште не сте добиле повик за натпреварот’. И еве, јас се уште го чекам тој повик. Кажав дека ќе бидам вториот Ринго“, изјави Изет, по што Саша Поповиќ откако ги слушна неговите зборови се присети на целиот настан, а потоа го замоли гостинот ако сака да испее нешто.

Маркетинг

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

По изведбата на Изет, следуваше громогласен аплауз, како од публиката така и од жирито, по што Поповиќ повторно му се обрати:

Маркетинг

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Можеби е доцна за оваа сезона, но кога Жика ќе го слушне ова, сигурен сум дека вие следната сезона ќе настапувате во ‘Никогаш не е доцна’, заклучи Саша Поповиќ.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Од друга страна, противникот на Јасмин, Алмир, немаше никој во бекстејџот, а како што откри самиот тоа е заради посебна причина.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Овие денови имав убава ситуација во семејството. Добив син, така што сите се по малку зафатени“, откри пејачот.

На крајот одлуката на жирито беше изедначена, по што финална одлука мораше да донесе менторот Драган Стојковиќ Босанац.

Но пред да се случи тоа, Поповиќ имаше забелешки за некои од своите колеги и пред камерите ги искритикува.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Ѓорѓе Давид секогаш гласа за кандидат од Македонија без разлика дали тој е подобар или не, тоа не е во ред и не прави го тоа“, му порача Саша на рокерот, а потоа ги критикуваше и Вики и Цеца затоа што цело време се смееле и зборувале за нивните брендирани чанти и чевли.

„Тоа е страшно“, изјави Саша, по што Ѓорѓе негираше сѐ, а Вики му порача дека ќе имаат за чанти кога ќе почне да и ги исплаќа становите.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

На крај се изјасни Босанац, кој истакна дека Јасмин беше одличен, но и дека со него треба да се работи и ќе биде уште подобар.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Што се однесува до мојот кандидат, мислам дека се упропастил во работата со Снежана од порано, па за да спречам такво нешто да се повтори ќе гласам за тебе“, заклучи тој, по што Јасмин замина во бараж, од каде сепак успеа да се избори за следниот круг.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button