Горд татко: Панчо ДНК покажа колку пораснале неговите синови
Македонскиот музичар гордо се пофали колку пораснале неговите синови.
Панчо сподели една фотографија од 2019 година и една од летово и ја покажа разликата.
Владимир Блажев или во јавноста познат како Панчо ДНК ретко во јавност зборува за својот приватен живот, но на социјалните мрежи поекогаш знае да сподели фотографии од неговото семејство.
ФОТО: Инстаграм / Панчо ДНК
Неговата сопруга Маја воопшто не сака да се експонира во јавност, па ретко може да ја видите на фотографиите кај пејачот.
Маја е неговата најголема поддршка, а плос на нивната љубов се синовите Андреја и Марјан.
ФОТО: Инстаграм / Панчо ДНК
Во едно свое интервју Панчо истакна дека Маја перфектно се грижи за децата и дека за успешен брак е потребен взаемен труд.
За неговите деца вели дека се скромни, но дружељубиви. Среќен е што се добро воспитани, но и што се занимаваат со спорт.
Марјан и Андреја сега се момчиња, а гордиот татко ја покажа нивната промена.
Панчо на Инстаграм објави една фотографија од летување во 2019 година и една од летувањето годинава.
Момчињата се пораснати, но за тато се чини дека времето запрело.
Погледнете: