Гордиот татко блеска од среќа кога е со оваа дама – Гоце Тодоровски ужива со својата наследничка
Фотографијата од македонскиот актер и неговата наследничка ќе ви го стопи срцето.
Доајенот на македонското глумиште, Гоце Тодоровски остави траен белег на театарската, филмската и телевизиската сцена.
Заедно со Ѓорѓи Колозов, Ванчо Петрушевски, Шенка Колозова и Лазар Бараков се петте темели на Македонските народни приказни. Легенди кои никогаш нема да бидат заборавени од нас.
ФОТО: Принтскрин
Многу генерации пораснаа со приказните.
Од нив научивме дека доброто со добро се враќа.
Сите со нетрпение чекаа нова епизода.
ФОТО: Принтскрин
Гоце Тодоровски пред пензионирањето беше вработен во Драмскиот театар во Скопје, а освен ангажманите во матичниот театар, тој е често присутен на програмите на радиото и телевизијата учествувајќи во скоро сите хумористично – сатирични емисии, драми, серии и друго.
Иако е во пензија и поатам е професионално ангажиран и често неговиот глас го позајмува за синхронизираните турски серии.
ФОТО: Фејсбук
Долги години е во брак со својата сопруга Тања Тодорвска со која има син и ќерка.
Неговата ќерка Сашенка е активна на Фејсбук, каде често знае да сподели нивни семејни фотографии.
ФОТО: Фејсбук
Овој пат таа сподели фотографија со својот татко, на која тие се насмеани од уво до уво и уживаат во времето поминато зедно.
„Мојата биолошка легенда“, стои во описот на фотографијата.