Нашата позната пејачка Наташа Малинкова на социјалната мрежа Инстаграм објави фотографија од својата ќерка Султана која очигледно ги наследи нејзините гени кога е физичкиот изглед во прашање.
Наташа Малинкова заедно со семејството е на одмор во Грција каде објави неколку фотографии на кои е во костим за капење, но и една на која позира заедно со својата ќерка Султана. Султана има 15 години и од фотографијата јасно се гледа дека убавината ја наследила од својата мајка.
Инаку, Наташа покрај Султана ја има и петгодишната Емили, а од фотографиите што ги објавува можеме да забележиме дека познатата пејачка е во совршена форма и изгледа одлично и покрај тоа што е мајка на две деца.
https://www.instagram.com/p/BlQZUfVgVpT/?taken-by=natasamalinkova
https://www.instagram.com/p/BYENMeLnJrJ/?taken-by=natasamalinkova
https://www.instagram.com/p/BYNXGmoHcnI/?taken-by=natasamalinkova