Реклама
Наши ѕвезди

Горан Алачки веќе со години е во врска со оваа дама – ја познавате сите, беше и остана вистинска убавица

Беше водителка, а од пред неколку години има и свој бизнис

Реклама

Горан и Марина важат за еден од најскладните парови

Познатиот хармоникаш Горан Алачки веќе со години е во врска со поранешната водителка која што некогаш сите сме ја гледале.

Станува збор за Марина Дојчиновска, водителката на емисијата Македониум која беше поприлично популарна во свое време.

Маркетинг

Марина денес се занимава со сопствен бизнис, односно таа е директорка на Хунза Веда Клуб, увозник на маслото Хунза за Македонија.

Маркетинг
Фејсбук/ Горан Алачки

Горан и Марина врската ќе ја откријат во јавноста седум години по разводот на хармоникашот од Адријана Алачки, наша позната пејачка и водителка на кулинарската емисија „Вкусот на традицијата“.

Тие оттогаш често споделуваат заеднички фотографии од кои може да се види дека и двајцата уживаат во секој заеднички момент.

Фејсбук/ Марина Дојчиновска

И како што самата Марина откри во една пригода за Гламур, тие 13 јули го сметаат за нивен празник и следната година ќе им биде јубилејна.

Фејсбук/ Марина Дојчиновска

Жени што зрачат со убавина што не се купува со пари

Познатиот пар тогаш ќе прослави 10 години врска, кога меѓу другото ќе ја слават и поддршката и посветеноста што си ја даваат еден на друг.

Фејсбук/ Марина Дојчиновска

И како што тогаш ни откри Марина, тајната и на нејзината убавина се крие токму во овој најважен сегмент – љубовта!

„Никаква шминка не може да ја замени убавината на една жена – која е сакана и сака истовремено“, ни откри тогаш Марина.

Фејсбук/ Горан Алачки

„Жените кои се обожавани од нивните сакани, веднаш ќе ги препознаете-тие зрачат со посебна убавина, што не се купува со пари. Тоа е таа среќа и благослов“, а ние двајцата се трудиме да го сочуваме и да го заштитиме тоа што го имаме, истакна оваа наша позната дама, па заклучи:

„Те сакам и сакам што те сакам!!! Колку убава реченица, нели??? На сите им посакуваме да се пронајдат себеси во овие зборови, со кои е кажано се!“, изјави Марина.

Фејсбук/ Горан Алачки

Потсетуваме, маестро Горан Алачки неодамна го најави својот нов музики фестивал „Фолк-Фест Владимирово 2025“ кој ќе се одржи во неговото родно место во мај следната година.

На фестивалот ќе се појават голем број познати македонски пејачи, а меѓу нив Благоја Грујовски, Ленче и Горан Кукиќ, Зуица Лазова, Наум Петрески, Нино Величковски и многу други.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button