Гол стомак и кожни хеланки – Тамара грми во своето провокативно есенско издание, гори Инстаграм
Одамна ја немаме видено во едно вакво издание
Тамара Тодевска важи за една од нашите најпознати поп-пејачки, а нејзините хитови се слушаат и надвор од нашата земја.
Но покрај својата музичка кариера, Тамара во последно време се почесто изненадува и со своите модни приказни.
Таа важи за дама која секогаш знае како да ги избере вистинските парчиња за себе и да блесна во најдоброто издание.
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
Впрочем Тамара тоа го потврди и со својата последна објава со која покажа една мошне интересна комбинација.
Имено, нејзините следбеници, но и публиката, веќе се навикнати да ја гледаат на сцената во најдоброто издание, но пејачката сега покажа и дека во своите секојдневни изданија исто така привлекува внимание и може да изгледа мошне провокативно.
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
И додека на нејзиниот Инстаграм можат да се најдат многу фотографии што можат да им преставуваат инспирација на бројни дами, Тодевска овој пат сподели малку посмела комбинација со која се појави во дневна шема и ги воодушеви сите со својот необичен изглед.
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
Таа за оваа пригода избра кожни хеланки и „кроп-топ“ плетена блуска со кои привлече внимание и никого не остави рамнодушен.
И бидејќи блуската беше куса, Тамара го истакна голиот стомак во преден план, а целото издание го заокружи со кожен мантил и црни кожни ракавици со интересен метален детаљ, додека лицето и беше покриено со големи црни футуристички очила за сонце.
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
Тамара фотографијата ја сподели со песна од Елвис Присли, а како изгледаше во ова свое опасно издание со кое им даде домашна задача на многу свои колешки, погледнете во продолжение…
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
Погледнете уште неколку шик изданија на познатата пејачка…