Голем шок за сите во „Ѕвездите на Гранд“, но не и за неа – трансродната пејачка го покажа вистинското лице
Алина испадна од шоуто, но за сето она што го кажа пред камерите уште долго време ќе се зборува...
Натпреварувачката Алина Јухарт која со својата појава предизвика големо внимание во регионот испадна од „Ѕвездите на Гранд“.
Таа беше во тимот на Светлана Цеца Ражнатовиќ, но во петтиот круг и покрај шоуто што го донесе на сцената, не успеа да помине.
Пејачката доби глас само од Вики Миљковиќ, но тоа не беше доволно така што ова беше крај за неа во овој натпревар.
„Јас на сите сум им благодарна за ова прекрасно искуство, мојата порака отсекогаш била и засекогаш ќе биде љубов. И одиме понатаму, да шириме љубов. Ви благодарам на сте“, изјави Алина и на сите членови на жирито им испрати срце, иако само Вики гласаше за неа.
Инаку, Алина (29) уште од првото појавување на сцената стана вистинска сензација, посебно затоа што призна дека е трансродно лице.
Таа е родена како маж, Алино Јухарт, а во популарното талент-шоу се појави, како што самата вели, за да си ја проба среќата.
Таа веднаш им го привлече вниманието на сите, повеќе со својата појава отколку со својот глас, и како што самата изјави по својот прв настап, се пријавила за публиката да запознае жена како неа.
„Јас сум само една нормална личност која има желба да сака, да биде сакана и да биде среќна како и сите ние. Сакам да инспирирам секого да го живее својот живот и својата животна вистина“.
„И ве обожавам сите вас, не можам да поверувам дека сум тука“, истакна Алина тогаш и доби громогласен аплауз.
Како оваа млада дама изгледаше на својот прв настап, но и кога не е на сцена, погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Алина Јухарт
Фото: Принтскрин/ Јутјуб. Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Јутјуб. Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Јутјуб. Ѕвездите на Гранд
Фото: Инстаграм/ Алина Јухарт
Фото: Инстаграм/ Алина Јухарт