Реклама
Наши ѕвезди

Голем скандал за прославата на Денот на независноста – Македонците од Австралија ги распнаа пејачите

Црвен картон за политичарите, но и за некои пејачи?!

Реклама

Многу музичари го откажаа својот најавен настап во Пеленица, не сакајќи да имаат ништо со политичките партии.

Најпрво Јордан Митев го откажа својот настап на „Традиционален пикник во Пеленица“, по повод 8 септември, Денот на независноста на Македонија, организиран од општинската организација н СДСМ – Кисела Вода, кој се огласи преку својот профил на Фејсбук.

Имено, познатиот фолк-пејач на социјалните мрежи сподели дека се чувствува изманипулирано од страна на организаторите на настанот бидејќи не го информирале дека истиот ќе биде партиски одбележан и дека ќе има одредена партиска цел.

Маркетинг

Фото: Принтскрин/ Фејсбук

Како што истакнува самиот Митев во својот пост, без разлика дали станува збор за намерна или ненамерна грешка од страна на организаторите, тој како професионалец нема да учествува на настанот, иако претходно беше најавен во плакатот од страна на Општинската организација на СДСМ- Кисела Вода.

Маркетинг

Фото: Принтскрин/ Фејсбук

По неговата реакција, тој беше тргнат од плакатот, а на негово место се најде пејачот Ефто Пупиновски, но и тој реши да го откаже настапот.

„Почитувани фанови да се настапи за Денови на независноста на мојата земја Македонија, како автор и изведувач на македонска музика за мене е голема чест. Тој празник е за сите коишто си ја сакаат и почитуваат својата земја, и истиот сметам дека не треба да биде политизиран или одбележан со партиски симболи“, напиша Јордан Митев во својата објава на Фејсбук.

Фото: Принтскрин/ Фејсбук

Тој исто така појасни дека имал повеќе покани за настапи за празникот од кои едната е на плоштадот во Автокоманда, додека другата од оној во Пеленица, којашто пејачот на крајот ја одби.

Фото: Принтскрин/ Фејсбук

Покрај Митев и Ефто реши да не настапува на овој настан, а преку соопштение на Фејсбук стигна и образложението:

„Сакам да Ве информирам дека Ефто Пупиноски НЕМА ДА НАСТАПУВА на прославата по повод независноста на Република Македонија која ќе се одржи на ден 08.09.23 г. на Пеленица, општина Кисела Вода“.

Фото: Принтскрин/ Фејсбук

„Исто така, нагласувам дека Ефто нема да биде нечија замена, а од што е толку оригинален самиот по себе е незаменлив“.

Фото: Принтскрин/ Фејсбук

Покрај Јордан Митев и Ефто Пупиноски своето учество го откажаа и пејачката Адријана Ацевска попозната како Адријана Кеш, како и брачниот пар Татјана и Новица Василевски кои исто така стоеја на плакатот, но нема да настапат.

Реакциите на нашинците од Австралија

Фото: Принтскрин/ Фејсбук

Фото: Принтскрин/ Фејсбук

Фото: Принтскрин/ Фејсбук

Фото: Принтскрин/ Фејсбук

Фото: Принтскрин/ Фејсбук

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button