Реклама
Новости

Голем скандал во „Ѕвездите на Гранд“ – мајката на еден од поранешните натпреварувачи со обвинување што ги шокираше сите!

Реклама

„Снежана бараше пари мојот син да помине во следниот круг“, мајката ја обвини пејачката, се огласи и таа.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Мајката на еден од кандидатите во „Ѕвездите на Гранд“, Душан Вукадиновиќ, тврди дека познатата фолк-пејачка Снежана Ѓуришиќ, која му беше ментор, наводно од неа побарала пари за тој да помине во следниот круг.

Набргу се огласи и самиот Душан кој го потврди сето она што го изнесе во јавноста неговата мајка, но ни тој ниту пак мајка му, немаат докази за тврдењата дека некој барал пари од нив. Како што пренесуваат српските медиуми, Душан потврдил дека пејачката брала пари од нив, односно од неговата мајка, и дека затоа не поминал во следниот круг.

Маркетинг

„Младиот натпреварувач кој не успеа да се кандидира за следниот круг вели дека на пробата звучел многу поразлично отколку на сцената, и дека се сомнева дека некој го саботирал. „Кога почнав да пеам, гледам нешто не е во ред, како некој да ме саботира. Се слушам себеси, но како тоа да не сум јас. Застанав и погледнав во Снежана, а таа ги подигна рацете и кажа: ‘Што е ова, што правиш?’ Јас и кажав дека не се слушам себеси и како тоа да не е мојот глас, изгледаше како да е вклучен аутотјунот. Тогаш ја прекинав пробата и кажав дека не сакам да пеам“, вели младиот Душан.

Тој потоа додава дека пејачката тогаш почнала да вика на него и да го прашува што му се случува. Тој повторно почнал да пее, но без микрофон и тогаш било сé во ред, но преку микрофонот не било така. И покрај тоа што бил разочаран, се надевал дека на снимањето ситуацијата ќе се поправи. Но и тогаш се случило нешто чудно, како што вели тој.

Маркетинг
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Имено, во еден момент пејачката го прашала каде е мајка му, и отишла кај неа во бекстејџот. Тој забележал како таа и се дере на мајка му, а кога го забележала му кажала дека местото не му е тука и да излезе. Тогаш мајка му не сакала да му пренесе што и’ кажала Снежана, но како што вели тој, да знаел дека и барала пари, воопшто немало да излезе на сцената.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Почнува снимањето, доаѓа настапот и јас на него исто така не се слушам себеси. Девојката покај мене растура, звукот на микрофонот и е доличен, а јас воопшто не се слушам. Таа добива шест гласови, а јас три кои ми ги дадоа Вики, Босанац и Ѓорѓе Давид. Почнуваат коментарите дека не бев добар и дека бев како расипан робот. Доаѓа коментарот на менторот, Снежана, мојата менторка започнува да ја коментира другата натпреварувачка, зборува како девојката е најдобра и одлична. Саша кој и вели мене да ме искоментира, нејзиниот натпреварувач, таа вели ‘Мојот кандидат ништо не ме слуша и сака се по свое, да биде над сé’, Јас шокиран, Сања Кужет ми вели дека не може сега ништо да кажам, ми го исклучуваат микрофонот“ се жали Душан.

Како што пренесува српскиот „Курир“, Душан е убеден дека и Саша Поповиќ е вмешан во целиот скандал.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

По настапот мајката му кажала на Душан дека неговата менторка побарала пари од неа си тврдење дека доколку не платат ќе испадне од шоуто. Како што вели тој, со Снежана потоа имал проблем и во баражот, бидејќи таа не дозволувала матрицата да му ја наместат како што тој сака.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Пред снимањето на баражот, Саша ми вели да ми ја спуштат матрицата, како што во оригиналот пее Харис Џиновиќ. Јас растурив во баражот и помислив тоа е тоа, не може да биде наместено. Останавме само една девојка и јас, растурив, а неа ја коментираа дека има грешки, дек не е добра. Нема некој талент, но изгледа убаво, згодна девојка е и умее да пее. Но Саша вели дека јас излегувам, а таа поминува“, објаснува Вукадиновиќ.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Инаку, 23-годишниот Душан на 15 февруари испадна од „Ѕвездите на Гранд“, а по емисијата неговата мајка Ната Вукадиновиќ, се јавила во редакцијата на српскиот Курир и ја обвини Снежана за неговиот неуспех ,но истовремено изнесе и тешки обвинувања на нејзина сметка.

Фото: Принтскрин/ Гранд

Таа вели дека пејачката најстрашно ја повредила, но бидејќи знаела дека нејзиниот син е убаво воспитано момче, му кажала да ја слуша. Ѓуришиќ наводно кога тој го поминал вториот круг му кажала дека успеал да помине бесплатно, но тие тоа тогаш не го сфатиле сериозно.

„Помина тој круг и за третиот му зацрта што ќе пее. Но, пред емисијата беше вознемирен, видов дека нешто не е во ред со него. Кога се запознавме, Снежана почна да вреска на мене. Парите не ги бараше директно, туку индиректно. Ми зборуваше дек таа не работи за џабе. Не сакаше ни рака да ми пружи во собата за поддршка. Ја прашав дали мојот син направил нешто погрешно и дали и кажал нешто лошо. Тогаш ми соопшти дека Душан нема да помине, дека за него натпреварот е завршен. Ми се внесе во лицето и ми кажа дека таа не работи за џабе и дека треба да и платам. Останав затечена, се смрзнав. Не и дадов пари и мојот син не помина“.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Ми кажа дека мојот син не ја послушал“, додава Ната за „Курир.рс“, а на овие обвинувања реагираше и Снежана.

„Ја работам својата работа одговорно и го трошам моето време за да им помогнам на помладите луѓе бидејќи сум образувана и како уметник докажана. Апсолутно нема да коментирам ничии изјави на оваа тема бидејќи се смешни и по малку се одвратни. Сите информации на ова тема можете да ги добиете од директорот Саша Поповиќ, кој е упатен во сé што ние како ментори го првиме со кандидатите. Исто така единствено Саша носи одлука кој поминува во баражот. Тој испадна од баражот со одлука на Саша Поповиќ, изјави познатата пејачка, пренесува српскиот „Курир“.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Извор: Курир.рс, Гламур

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button