Холивуд

Голем скандал во кралското семејство – внуката на Грејс Кели ја откажа свадбата

Advertisement

На последниот Бал на ружите, што се одржа во март минатата година во Монте Карло, принцезата Шарлот потврди дека се свршила со филмскиот продуцент и сите се надеваа дека конечна го нашла вистинскиот. 

Advertisement

На крајот на март минатата година, Шарлот Казираги, деветтата во редот за тронот на Монако, и нејзиниот избраник, францускиот продуцент Димитри Расам објавија дека се свршиле, а во септември станаа родители на машко дете. Иако сè изгледаше како голема љубовна идила, се чини дека нивната врската не функционираше најдобро. Прекрасната принцеза ја раскина венчавката и ја откажа планираната свадба.

Внуката на познатата Грејс Кели, 31-годишниот принцезата Шарлот Казираги одеднаш, само четири месеци по породувањето, ја откажа венчавката со Димитри со кого наскоро планираше да застане пред олтарот.

На последниот Бал на ружите, што се одржа во март минатата година во Монте Карло, Шарлот потврди дека се свршила со филмскиот продуценти и сите се надеваа дека тој конечно е оној со кого таа ќе се „скраси“. Во прилог на ова беше и тоа што беше бремена и го роди бебето во септември оваа година, кога го добија синот Балтазар.

Шарлот и Димитри Расам се во контакт од 2016 година, откако ги запознаа нивни заеднички пријатели. Интересно е дека и двајцата од претходните бракови имаат деца – Шарлот од четиригодишната врската со Гад Елмалех го има синот Рафаел, додека Расам од поранешниот брак има ќерка.

Пред да ја пронајде среќата и љубовта во прегратките на 36-годишниот Расам, таа ги полнеше насловните со нејзините љубовни врски, особено онаа со 16-години постариот комичар Гад Елмалех во 2011 година.

Потоа накратко беше блиска со италијанскиот сценарист Ламберт Санфелиќ, со кого се запозна на филмски фестивал. Иако тој се согласуваше со нејзиниот син Рафаел, тие се разделија на крајот на 2016 година.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button