Реклама
Хороскоп

Голем месечен хороскоп за ноември, 2015

Реклама

 

Хороскопски хумор: автомобили и хороскопските знаци

Каков автомобил би возел Стрелецот?
Ма каков автомобил! Стрелецот е веќе во авион !

Маркетинг

mesecen noemvri1 

Овен (21 март – 20 април)

Маркетинг

12oktoven

Не правете големи планови во ноември. Можеби сега ќе мора да ставите крај на веќе започнатите работи или, едноставно, да ја следете рутинската работа и обврски.
Неповолен месец за развој на парници или тужба во кои евентуално учествувате.

Чувајте ги личните предмети и вашите лични пораки од туѓо вмешување/љубопитност.

Љубовта ќе биде интересен и динамичен дел од животот на мажите над 35 години.

Ќе имате можност за одмор или одмор дома поврзан со роденден, слава, годишнина, итн.

Веројатност за нова љубов за машките припадници на знакот Овен.

Жените треба да бидат повнимателни во финансиските односи со други жени. Проблеми поврзани со готови пари, финансии со жена над 35 години.

Во ноември може да добиете предлог за подобро платена работа, привремен ангажман или за добра бизнис зделка.
Ќе добиете пари од работа, повраток на данок, од банкарска или друга институција.

Конфликт со некоја роднина која живее во друга заедница. Ова може да биде поврзано со манифестација на тврдоглавост или друга карактерна особина на оваа личност.
Ноември е месец во кој мора да бидете отворени за секакви предлози и информации. Мора да реагирате брзо, но, исто така, и мудро. Може да ризикувате, но не невнимателно.

Изненадувачки предлог или вести.

Бик (21 април – 20 мај)

12oktbik

Во текот на овој месец, може да ставите крај на грижите или проблемите во врска со здравјето или некои лични проблеми.
Очигледна деликатна ситуација или недоразбирање во врска со личност во знакот на Водолија, Вага и Близнаци.

Успех во нешто за што сте имале голема загриженост, очекувања во последниве месеци.

Разделба или непријатен настан поврзан со млада жена за која имате претходни информации.

За жените до 35-годишна возраст, разочарување поврзано со ветување или надеж што, барем овој месец, нема да се реализира.

Свадба поврзана со момче/човек кој е ваш роднина, пријател, колега или сосед. Ќе добиете покана, а остатокот ќе биде ваша лична одлука.

Купување нешто за домот за младите мажи-Бик, како апарати за домаќинство, опрема, нов мебел и друго.
Ќе се чувствувате збунети, заблудени, заведени од страна на дејствија или зборови на личност во знакот на Рак, Шкорпија или Риби, коишто ќе ве испровоцираат да се состанете и да разговарате со тоа лице.

Собирање или посета предизвикани од проблематична или несакана прилика.

Ако имате дете родено во знакот на Бик, Девица или Јарец обидете се одгатнете што, всушност, се случува во неговиот живот и што се крие зад неговото чудно однесување или чудно расположение во последно време.

Неочекуван стрес, паника во врска со настан или инцидент во животот на пријатели.

Близнаци (21 мај – 20 јуни)

12oktbliznaci

Во ноември може да доживеете емотивен стрес поврзан со измама, лукавство, манипулација, што ќе доведе до силен и непријатен конфликт. Ова во голема мера може да ја утврди и вашата лична иднина и иднината на ваши одредени лични, семејни или професионални односи.

Ќе ви биде драго поради пари, документ од финансиска природа, односно предлог, што бавно се развивало пред да стигне до вас официјално.
Може да најдете заборавени пари или да добиете пари со задоцнување поради различни причини.

Очекувајте значајни настани поврзани со личност во знакот на Бик, Девица или Јарец кое живее во друго место или земја. Во некои случаи, Близнаците може да патуваат за да се сретнат или да посетат таква личност.

Во ноември, ќе бидете поканети барем на еден пријателски собир и тоа ќе се покаже како позитивна прилика.
Посета/одење на гости на покана или обврска на лице во знакот на Близнаци, Вага или Водолија.

За младите машки лица-Близнаци можно е искрснување на непријатна ситуација поврзана со пари, како кражба, губење, неразумно трошење на коцкање и на други задоволства.
Близнаците може да бидат принудени сега да му помогнат некому кој ќе биде во сериозна потреба од пари.

Неочекувана вест или настан поврзан со мајчинството, раѓање принова и друго.

Можно е вашето дете да ве изненади со некакви информации/вести.

Рак (21 јуни – 20 јули)

12oktrak

Информацијата или сугестијата што ќе ја добиете овој месец ќе ве натера сериозно да размислувате за одлука што треба да се донесе. Работите се сериозни, одговорни и не треба да делувате импулсивно.

Жените-Рак ќе бидат во можност да уживаат во среќен настан поврзан со стекнување или купување.

Во ноември, благодарение на блиска жена: мајка, баба, сестра, сопруга (за мажите), пријатно ќе бидете изненадени со подарок, бенефиција или со друг успех материјален успех.

Месецов ќе се јави потреба за поправка, реновирање или измена поврзана со имот или со вашиот дом.
Можете да добиете некоја идеја или работа во вашиот дом/фирма, којашто ќе дојде преку лице родено во знакот на Риби, Рак или Шкорпија.

Интересни настани на љубовен план може да очекуваат мажите-Рак над 35 години. Женетите Ракови многу сериозно ќе размислуваат пред да се впуштат во еднодневна авантура!
Лоши вести во врска со девојка или жена.

Проблеми поврзани со нечии здравствени и нечија неподготвеност да се лекува, да ги применува препораките на лекарот или да следи одредена шема.
Ако имате проблеми во бракот, во ноември нема да најдете решенија. Напротив, работите може да станат дури и посложени и потешко ќе дојдете до помирување.

Лав (21 јули – 21 август)

12oktlav

Во ноември ќе бидете многу амбициозни и одлучни во организирање и решавање на различни активности и планови од финансиска природа. Ќе се состанувате со важни луѓе или претставници на институција, веројатно банка. Свесни сте дека е важно да се запамети оваа година со конкретни успеси, а не само со ветувања и надежи.

Може да добиете пари од страна на одредено лице или преку банка.

Конфликт може да искрсне со лице кое може да биде претставник на судска/правна институција, орган на законот или некој вид владино тело.
Ако сте вклучени во тужба или конфликт со лице кое може да има поинаков став и поинакво гледиште на работите, истото ќе сака да добие информации од вас.

Може да бидете во можност да купите нешто за дома по поволна цена. Или, пак, може да има нов мебел, опрема или предмети во вашиот дом, за кои вие самите не сте потрошиле пари.
Некои од вас може да стекнат нов стан или дом или, пак, може да ви биде дадено право на сопственост.

Ќе добиете голема надеж или важно ветување од личност во знакот на Риби, Шкорпија или Рак.

Неочекувани шанси ги чека мажите-Лав до 35-годишна возраст.

Можете да очекувате настани поврзани со блиска женска роднина или пријателка во врска со нејзиниот љубовен живот или брак.

Може да има нови состаноци, кокетирање или љубов за немажените жени над 35 години.
Жените до 35 години мора да се држат подалеку од неискреноста или лицемерието на лице во знакот на Близнаци, Вага или Водолија.

Девица (22 август – 22 септември)

12oktdevica

Овој месец ќе вклучи разделба од колега, менаџер, бизнис партнер или клиент поради различни причини.

Ќе бидете посветени на сериозни професионални проблеми во животот на пријател/ка. Тоа ќе вклучи можно непријатно отпуштање од работа, невработеност и друго.
Ќе има проблеми поврзани со несреќни случаи и/или повреда на дете, внуче или младо лице од вашата блиска околина. Грешки и глупави постапки на дете или внук ќе донесе паника и напнатост кај некои од вас.

Ќе размислувате за патување поради семејни причини. Може ќе има повторно обединување на семејството, по период на разделеност.

Некои од вас ќе се сретнат со роднина од далеку кој ќе дојде да ве посети или да се врати дома за добро.

Може да има развој на романтична врска со партнер во странство. Разговори и активности во врска со претстојна вердидба, свадба, на почетокот на заедничко живеење и слично.

Неочекувано, личност во знакот на Бик, Девица или Јарец ќе ве расплаче.

Добра вест поврзана со дополнителни пари во вашиот паричник или семеен буџет.
Ќе добиете вести поврзани со романтично собирање, претстојна свадба на пријатели или роднини.

Непријатни вести поврзани со лошо здравје на некој близок.
Во ноември, ќе бидете сведок на емоционален и ментален крах во животот на некој пријател/ка или роднина кој бил жртва на кражба или неуспех во животот.

Вага (23 септември – 22 октомври)

12oktvaga

Ноември ќе биде многу емоционален и романтичен месец, исполнет со настани за паметење, особено за младите девојки до 35 години.
Можен нов почеток или врзување со партнер во знакот на Шкорпија, Рак или Риби.

Очекувајте разни изненадувања што ќе дојдат преку личност над 35 години. Но, без разлика колку неочекувани, вашата интуиција ќе предосети некакви прелиминарни знаци на она што ќе дојде.

За мажите-Вага над 35 години аспектирани се настани што ќе предизвикаат неочекувани промени на лични планови и цели.
Промената, што сте ја планирале за вашиот дом или поврзана со промена на домот, може да се покаже како неразумна или избрзана за ноември. Ќе се покаже дека сте имале погрешни или нереални предвремено дадени информации во врска со овие планови и ваши очекувања.

Овој месец ќе ве израдува со вест или настан поврзан со веридба/свадба кај вас дома или кај пријатели, подалечни роднини и соседи.

Различни видови проблеми може да се јават во врска со син или внук во семејството.

Мажите-Ваги до 35 години ќе имаат важни или одговорно настани, одлуки поврзани на некој начин со дете родено во знакот на Лав, Овен или Стрелец.

Избегнувајте конфликти овој месец, бидејќи тие ќе предизвикаат важни и судбоносни одлуки и постапки не само за вас. Може да се најдете неподготвени за последиците…

3d star

Шкорпија (23 октомври – 22 ноември)

12oktskorpija

Во ноември може да очекувате пријатни и емоционално позитивни патувања. Разни настани поврзани со луѓе кои живеат далеку од вас ќе создадат силни емоции и искуства во текот на месецов.
Очекувајте средба, посета или патување поврзано со личност во знакот на Близнаци, Водолија или Вага.

Во ноември, пак, нерасчистени проблеми, потешкотии, неисполнети обврски и задолженија ќе се обелоденат на непријатен начин. Товарот врз вас може да стане дури и уште поголем…
Ќе има поволен развој на настани и активности поврзани со пренос на сопственост, прашања за наследство и финансиски случаи на продажба на наследен имот, земјиште и друго.

Успех во работата или бизнисот може да очекуваат жените-Ваги над 35 години. Се работи за нов почеток, вклучувајќи ново вработување, нови клиенти или нарачки, нови деловни партнери и јавни настапи.

Може да добиете пари од личност родена во знакот на Јарец, Бик, Девица или од некој потполно непознат досега.
Ќе разгледувате најдобар начин да се решат финансиските односи со личност која нешто бара или очекува од вас.

Овој месец може да добиете информации или сугестија за која ќе сфатите дека е вашата шанса или среќа. Сепак, ќе се најдете себе си емотивно неподготвени за таков настан или за промена во вашиот живот.

Стрелец (23 ноември – 21 декември)

12oktstrelec

Ноември може да биде запаметен по не толку пријатни настани поврзани со патување или со луѓе кои живеат далеку од вас. Непријатни вести од далеку поврзани со луѓе кои ги знаете или со одбивање на вашиот план за патување.

Здравствени проблеми на женско лице во знакот на Близнаци. Водолија или Вага или друг вид сериозна загриженост во врска со истото.
Овој месец ќе треба да направите вистински избори и да одберете оригинален подарок поврзан со прослава на девојка или жена.

Младите жени до 35 години ќе го започнат Божиќниот шопинг со желба да ги испратат подароците навреме и да не заборават/пропуштат некого.

Може да се почестите себе си со скап предмет/опрема.

За младите Стрелци, од голема важност е да не го загубат чувството на реализам и практичност. Постои веројатност да бидат измамени или, пак, самите да се прејдат во финансиски прашања или во добивка лесни пари.

Ќе се потпирате на поддршката и помошта за домашни работи, семејни прашања и проблеми од личност која може да е родена во знакот на Риби, Шкорпија или Рак.

Во врска со сите потешкотии или проблеми што ги имате овој месец, не заборавајте дека секогаш ќе се најдете, на еден или друг начин, во ситуација да најдете најдобро решение за истите. Паника и импулсивни акции не се добредојдени овој месец. Избегнувајте избрзани коментари, конфронтации и какви било други слични дејствија.

Среќата знае каде да ве најде, верувајте ù…

Јарец (22 декември – 20 јануари)

12oktjarec

Постои веројатност дека овој месец ќе се соочите со големи емоционални проблеми. Ова значи дека ќе мора да имате целосна контрола врз вашите чувства и мисли во врска со секое обвинување и приговор, вклучувајќи го партнерот или роднините. Избегнувајте провокации од страна на луѓе кои сакаат да создадат бура во вашето семејство и да ги спроведуваат своите цели.

Очекувајте ветување, помош и заштита, како и напредок на важни прашања од суштинско значење за вас, од страна на личност во знакот на Јарец, Бик или Девица. Можеби ќе се запознаете или ќе имате необичен состанок со личност родена во еден од тие знаци.

Вести во врска со идно мајчинство или раѓање на принова во домот на ваши пријатели, поранешни соученици или соседи.
Важни информации во врска со ваше дете или внуче.

Во ноември, ќе ви недостига амбиција или доволно енергија за сериозна и продуктивна работа. Сепак, ќе имате прилики за радост и задоволство, а може да има и некои позитивни промени за вас.

Ноември дефинитивно ќе ве изненади со неочекувани состаноци, посети, нови познанства и друго. Динамични и интересни контакти ќе ви обезбедат одредени очекувања за нивниот иден развој.

Неочекуван повик или покана за состанок, интервју, презентација или слично.

Финансиските работи во вашиот секојдневен живот нема да бидат толку безбедни и стабилни како што би сакале. Постои можност за непријатен конфликт во врска со пари.

 

Водолија (21 јануари – 19 февруари)

12oktvodolija

Ноември ќе ви донесе радост во врска со вести, настани, или посета на млада личност во вашиот дом.
Може да доживеете радост поради добивање принова во вашето непосредно семејство или вашиот круг на пријатели.

Ова ќе биде успешен месец за мажите-Водолија до 35-годишна возраст. Искористете ја секоја шанса што ќе се појави и не оставајте недовршена работа од денес за утре…
Жените-Водолија ќе уживаат во случувања поврзани со идно мајчинство или посебни моменти што се однесуваат на бебе/детенце.

Можност за свадба кај блиски пријатели или роднини.

Неочекувани моменти ќе искрснат. Ако сте сами, сега е време е да склопите ново познанство. Не оптеретувајте се со големи очекувања. Прифатете ги новите луѓе пред сè како пријатели испратена до вас за судбината да ве научи нешто.

Добри нешта во љубовта ќе се случуваат сега сами од себе, ништо нема да се случи поради вашата волја и желба.

Проблеми можат да настанат поради наводно поправен предмет или нова техника кај која ќе се појават дефекти многу брзо. Истото важи и за ново купени предмети, апарати за домаќинство и друго. Обезбедете се со гаранција за сè што е важно.

Трошоци можат да настанат поврзани со жена над 35 години или други финансиски активности поврзани со таква личност.
Ноември може да ве воодушеви со документ или договор, спогодба или цел, што ќе ви донесе значителни финансиски бенефиции пред претстојните Божикни празници.

Риби (20 февруари – 20 март)

12oktribi

Во ноември може да бидете вознемирени во врска со здравјето на еден пријател. Можеби ќе треба да се грижите за лекување или закрепнување на лице над 35 години.
Ќе имате можност за ново познанство со човек кој има харизматична личност, но со сериозен здравствен проблем.

Ноември може да ви донесе очекувани или неочекувани промени поврзани со домување или предмети што се однесуваат на вашиот дом.

Ќе треба да прифатите непријатни или разочарувачки вести поврзани со личност во знакот на Близнаци, Водолија или Вага.

Очекувајте важен разговор со лице во знакот на Бик, Девица или Јарец. Може да добиете важен предлог или ќе бидете информирани за важна одлука од такво лице.

Ноември ќе донесе неочекувани емоции за оние од вас кои ќе патуваат со некоја цел. Судбината ќе има своја посебна интервенција во ова патување и сите ќе ја почувствуваат истата. Постои можност за предлог за вработување или други интересни работи поврзани со патувањето.

Тешки проблеми поврзани со спорови и размена на обвинувања може да се појават помеѓу вас и лице во знакот на Рак, Шкорпија или Риби.

Избегнувајте љубомора, бидејќи немате основа за такво нешто. Избегнувајте и решавање на нерешени работи, бидејќи ќе зажалите подоцна.

Може да има непријатен момент на вашето работно место во врска со несреќа, повреда или со запирање на нешто; непријатно барање, жалба или отпуштање на колега.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button