Големите луѓе не ги комплицираат работите, тие знаат кои се и што се, гледаат големина во човекот, а не во титулите, статусите и останатите неважни работи кои ги делат луѓето.
Тие не ги комплицираат работите, малите луѓе ќе ти ги искомплицираат животот. Тие ќе те остават да чекаш нивен одговор, ќе ти создадат непотребна нервоза, ќе ти постават услови кои треба да ги исполниш и да ги молиш за нешто што некој друг би ти помогнал без обзир на се.
Разликата помеѓу тие луѓе не е во улогата која ја имаат, бидејќи малите луѓе можат да имаат големи функции и да седат во некои таканаречени важни форелји, а големите може д аработат некои сосема обични работи. Разликата помеѓу тие луѓе е во тоа како гледаат на себе и на другите, како се поставуваат спрема себе си и спрема другите.
Застани на страната на оние кои не се опседнати со својата замислена големина, застани на страната на оние кои не калкулираат кога треба да се помогне, застани на страната на оние на оние кои титулата човек им е единствената која ја имаат. Што и да работат тие луѓе, дали се на голема положба или не, тоа се гоелми луѓе.
Извор: Советник за успехот