Реклама
Наши ѕвезди

Голема трагедија во семејството на Анета Љумаковска – пејачката наместо да слави, таа денес ќе тагува

Почина таткото на познатата пејачка, таа ја изгуби својата најголема потпора во животот

Реклама

Наместо да слави, Анета денес ќе го погреба својот татко

Една од најпознатите пејачки во Македонија доживеа голема трагедија и тоа еден ден пред нејзиниот роденден.

Имено, во текот на вчерашниот ден почина таткото на Анета Љумаковска, а погребот ќе биде денес, и тоа на нејзиниот роденден.

Маркетинг

„Уживаше секогаш кога ти пеев. Јас ќе продолжам да пеам, а ти ќе ме гледаш и ќе ме слушаш од таму горе некаде кај ангелите. Секогаш беше моја гордост, почивај во мир тато“, напиша Анета на една заедничка фотографија на која се гледа како тој седи , а таа застаната покрај него му пее со микрофонот во рацете.

Маркетинг
Инстаграм/ Анета Љумаковска

Тажна порака објави и Лилјана, мајката на Анета, која уште во текот на вчерашниот ден на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук објави неколку фотографии од сопругот и напиша емотивна порака која никого не остави рамнодушен.

„Зошто ме остави??? Како јас ќе живеам без тебе???? Денес ме напушти мојот животен сопатник со кој поминавме 47 години заедно во добро и во лошо“, напиша мајката на Анета, а потоа додаде и дека погребот ќе биде денес во 12 часот во Новите гробишта во Битола.

Инстаграм/ Лилјана Љумаковска

Инаку, таткото на Анета почина само еден ден пред таа да го прослави својот јубилеен 40-ти роденден. Но судбината беше таа наместо да слави, да сочувствува со своето семејство и да го испрати својот татко во вечното почивалиште.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Потсетуваме, Анета повеќе од две децении настапуваше со групата Молика, а од пред некое време започна своја соло кариера.

Таа никогаш не криела дека најголема поддршка има токму од нејзиното семејство, кои секогаш имале разбирање за она што го работи.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

И како што и самата Анета напиша во пораката со која се збогуваше од својот родител, нејзиниот татко уживал секогаш кога таа му пеела.

Ова е таткото на Анета…

Инстаграм/ Лилјана Љумаковска

Инстаграм/ Лилјана Љумаковска

Таткото и мајката на Анета

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button