Меѓу повредените има и многу деца
Најмалку 14 луѓе го изгубиле животот, а повеќе од 10 луѓе се тешко повредени, меѓу кои има и голем број деца, откако патнички авион се сруши веднаш по полетувањето од аеродромот во градот Алмати во Казахстан.
Во патничкиот авион имало 95 патници и пет членови на екипажот, а мажу повредените има и деца.
Светските агенции и екипите на терен јавуваат дека бројот на жртви би можел да биде многу поголем. Според првите информации меѓу повредените има и многу деца.
Авионот прво удрил во бетонската ограда, а потоа и во зградата што се наоѓа во близина на аеродромот.
https://www.instagram.com/p/B6jsf0xBvdi/?utm_source=ig_embed
Екипите за спасување се на лице место и повредените ги носат во болница.
Несреќата се случила околу 7.20 по локално време.
Во прашање е авион „Фокер -100“ кој според првичните информации, ја изгубил висината веднаш по полетувањето и удрил во бетонската ограда, а потоа и во двокатната зграда која се наоѓа во близина на аеридромот.
Авионот летал од Алмати во Нур Султан.
#Bekair plane crashes after take off from Almaty Airport #flight2100 #Almaty #Алматы pic.twitter.com/qx9HiKbjSn
— Hamadi Aram (@H_Aram) December 27, 2019
Алмати или Алма Ата е најголем град во Казахстан. Тој бил главен град на Казахстан и претходната Казашка ССР од 1929 до 1997 година, а сега главен град е Нур-Султан, додека Алмати останал главен комерцијален центар на Казахстан. Според проценките од 2010 година во градот имало 1,422,354 жители, што претставува 8% од вкупното население на Казахстан.
.