ГОЛЕМА ТАГА – по кратко боледување почина познатиот актер!

Американскиот актер Андре Брауер во понеделникот почина на 61 година по кратко боледување, објави денеска неговиот агент.
Тажната вест за неговата смрт ја потврдија неговите агенти, кои соопштија дека тој починал по кратко боледување.

Во текот на неговата кариера, Брауер често имаше улоги на полицаец, појавувајќи се и во драматични и во комични улоги.
Тој е роден во Чикаго, а дипломирал на Универзитетот Стенфорд, пред да почне да зема часови по глума во школата Џулијард.
Критичарите ја пофалија изведбата на Брауер во драмата „Убиство: живот на улицата“ („Homicide: Life on the Street“), а годинава продуцентот Том Фонтана го пофали неговото „наелектризирано“ присуство на екранот, зрачејќи со харизма и енергија.

„Никогаш не сум видел таков актер на телевизија. Неговиот ритам беше толку уникатен“, рече Фонтана, во изјава за „Би-би-си њуз“.
Серијата траеше од 1993 до 1998 година, а на Брауер му ја донесе престижната награда Еми за најдобар главен актер.
Брауер, исто така, ги освои срцата на телевизиските гледачи со улогата на капетанот Рејмонд Холт во ситкомот „Бруклин 99“ („Brooklyn Nine-Nine“), кој се емитуваше од 2013 до 2021 година.
Тој глумеше и во филмот „Коџак“ („Kojak“), а според „Холивуд репортер“ беше избран за главната машка улога во серијата „Резиденцијата“ („The Residence“) на филмската платформа Нетфликс.
Зад себе ја остави сопругата, актерката Ејми Брабсон, и трите сина.

Брауер се прослави во сериите со улогата на детективот Френк Пемблтон во култната серија „Оддел за убиства“ (Homicide: Life on the Street), за која освои Еми за најдобар актер во драмска серија во 1998, но стана доста популарен меѓу помладата генерација играјќи го капетанот Рејмонд Холт во хит-серијата „Бруклин 9-9“ ( Brooklyn Nine-Nine) од 2013 до 2021, каде што го покажа својот извонреден талент за комедија.
Тој во 1991 година се ожени со колешката од детективската серија Ејми Брабсон, со која имаат два сина и останаа заедно до крај.




