Вести

ГОЛЕМА ТАГА – Почина познатата актерка, ден пред својот роденден!

Advertisement

Таа имаше 76 години, а почина ден пред нејзиниот 77 роденден. Таа живееше со агресивен облик на рак на дојка повеќе од 23 години, а почина мирно дома.

Актерката Сузан Сомерс, актерката која на домашната публика и е најпозната по улогата во серијата „Чекор по чекор“, почина на 77-годишна возраст, еден ден пред нејзиниот роденден, јавуваат странските медиуми.

Advertisement

Таа живееше со агресивен облик на рак на дојка повеќе од 23 години, а почина мирно дома во раните утрински часови на 15 октомври.

„Сузан Сомерс почина мирно дома во раните утрински часови на 15 октомври. Таа повеќе од 23 години успешно се бореше со агресивен облик на рак на дојка.

Сузан беше со нејзиниот сакан сопруг Алан, синот Брус и нејзиното потесно семејство. Тие се собираа за прославата на нејзиниот 77. роденден на 16 октомври. Ќе го прослават нејзиниот извонреден живот.

Сите им благодариме на милионите обожаватели и следбеници кои многу ја сакаа“, се вели во известувањето на семејството.

Да потсетиме дека во јули годинава Сомерс откри дека ракот на дојката повторно се појавил.

„Откако сум отсутнa од работа, многумина од вас побараа повеќе детали за моето здравје. Како што знаете, имав рак на дојка пред две децении, кој се враќа одвреме-навреме, и се уште се борам со него.

Ова не е нова територија за мене. Знам како да ја облечам мојата борбена опрема бидејќи сум борец“, рече тогаш Сомерс.

Пред повеќе од 20 години и бил дијагностициран рак на дојка и затоа се свртела кон здрава исхрана.

– Морам да признаам дека откако го прифатив здравјето, уживам како никогаш досега во животот. Ми се допаѓа како изгледам, ми се допаѓа мојата енергија.

Имам перспектива и можам да ви кажам дека стареењето може да биде неверојатно ако знаете како да му пристапите – објаснила таа еднаш. Секогаш нагласувала дека за нејзиниот одличен изглед е заслужна органската исхрана, дека како лек користи свежи билки.

Инаку, таа повеќе од 55 години беше во среќен брак со својот сопруг Алан, а честопати нагласуваше дека му обезбедува се што му треба.

Рекла дека постојано си даваат комплименти и си приготвуваат утринско кафе и дека во тоа е тајната на нивната среќа која трае повеќе од пет децении.

Зад себе, Сомерс има 45 филмски и ТВ-улоги. Се пензионираше од глумата во 2001 година.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button