ГОЛЕМА ТАГА – Почина познатата актерка!

Почина американската актерка Пајпер Лори, јавува Си-Ен-Ен. Таа имаше 91 година.
“Лори веќе некое време не се чувствува добро. Ќе остане запаметена како врвна актерка од нејзината генерација и прекрасно битие”, изјавила за медиумите портпаролката на актерката Марион Розенберг.

Лори почина во саботата во Лос Анџелес, а причината за смртта се уште не е потврдена.
Инаку, Пајпер Лори е најпозната по улогите во филмовите „The Hustler“ и „Carrie“ и серијата „Twin Peaks“. Таа ја освои наградата Еми во 1987 година и три пати беше номинирана за Оскар.
Лори доби номинации за Оскар за нејзините впечатливи изведби во „The Hustler“ (1961) и „Carrie“ (1976). Нејзината трета номинација беше за нејзиниот портрет на мајка која се кае во „Children of a Lesser God“ (1986).

Таа беше наградена со Златен глобус за нејзината изведба во телевизиска драма „Твин Пикс“, покрај двете номинации за наградата Еми.
Родена како Розета Џејкобс во Детроит во 1932 година, таа го добила името Пајпер Лори по предлог на менаџерот кога почнала да се занимава професионално со глума.

Во раните 1960-ти се омажи за филмскиот критичар Џо Моргенштерн, а парот подоцна се разведе. Во бракот тие добија една ќерка.
Таа ја започна својата кариера во 1950 година, а потоа направи долга пауза од Холивуд бидејќи беше разочарана од начинот на кој индустријата ја третира како млада актерка.
Исто така, таа еднаш изјави дека е разочарана од едноставноста на женските улоги кои и биле понудени.

Кога повторно се појави на сцената, Лори повторно се етаблираше преку впечатливите женски ликови.
Таа беше една од најубавите актерки во тоа време. Таа зад себе остави ќерка, Ен Грејс Моргенштерн, која ја имаше во бракот со Џо Моргенштерн.




