ГОЛЕМА ТАГА – на натпревар почина познатиот фудбалер

Легендарниот панамски фудбалер, Луис Техада (41) починал за време на натпревар.
Според информациите на „ЕСПН“ тој починал откако излегол од игра во натпревар помеѓу ветераните. Техада побарал да биде заменет бидејќи не се чувствувал добро.

Набрзо по замената тој колабирал и бил итно пренесен во болница.
Тој е еден од најдобрите фудбалери кои ги имала Панама и најдобар стрелец во историјата. Во кариерата за репрезентацијата одигра 108 натпревари и постигна 43 гола.
🙏 Luis Tejada est décédé à l’âge de 41 ans 🇵🇦
🇵🇦 Luis Tejada, le meilleur buteur de l’histoire du Panama (43 buts en 108 sélections) s’est éteint après un arrêt cardiaque subit ce dimanche 😞
Toutes nos condoléances à sa famille et à ses proches 🙏 pic.twitter.com/IlxoaYvQ6j— La Pause Foot (@LaPauseFootball) January 30, 2024
– Тој беше синоним за развојот и напредокот на нашиот фудбал. Нашето најдлабоко сочувство до семејството, пријателите и целиот фудбал и спорт во Панама. Никогаш нема да те заборавиме Матадоре – соопштија од Фудбалскиот сојуз на Панама.
Техада е легендарен напаѓач на Панама, кому му помогна да се пласира на Светското првенство за прв пат во неговата историја. Тоа беше во 2018 година во Русија кога загубија од Англија (6:1), Белгија (3:0) и Тунис (2:1).
Целата своја кариера ја помина во клубови во Северна и Јужна Америка.




