Фолк-пејачката Неда Украден никогаш не криела колку е поврзана со своето семејство
Кога пред две години ја изгуби својата мајка Анѓа, со која беше многу блиска, Неда помина низ многу тежок период.
Познатата пејачка деновиве се присети на својата мајка, но и на татко и Душан, чиј живот згасна пред 23 години. Таа на својот Инстаграм им посвети една емотивна објава со која ги разнежни своите фанови.
„Овие денови, пред две години, мајка ми Анѓа и пред 23 години татко ми Душан заминаа во своето вечно почивалиште. Но тие се уште се во нашите срца. Бескрајно сум им благодарна безграничната љубов која што несебично ја даваа на мене и на мојата Јелена“, напиша пејачката.
Инаку Неда се уште живее со својата ќерка.
Единствената ќерка на фолк пејачката Неда Украден, Јелена Билбија Миновиќ, е успешен маркетинг директорка и сопственичка на еден познат салон за убавина во Белград. Таа не сака јавно да се експонира во медиумите и затоа многу ретко можеме да ја видиме во јавност.
Јелена секое свое слободно време го користи да биде со семејството. Таа со својот сопруг има три деца – близначките Александра и Неда, и синот Душан.
„Мојата мајка има енергија како никој, кога е на сцената има сила на змеј, а дома е нежна баба со внуците“, откри Јелена пред неколку за Блиц зборувајќи за заедничкиот живот со децата, сопругот и нејзината позната мајка. Тие живеат заедно, но како што вели ќерката на Неда, станот е толку голем, што понекогаш мораат да се довикуваат со телефони.
Еве како таа изгледа: