Голема среќа во домот на Лазар Бараков – важни гости му дојдоа во МАКЕДОНИЈА да го посетат, актерот веднаш се пофали!
Македонскиот актер сподели прекрасна глетка и откри што го прави среќен во изминатиот период.
Лазар Бараков е актерот со чии улоги сите пораснавме.
Заедно со останатите глумци кои беа дела од старите македонски приказни остави белег на една цела генерација.
Повеќе од 20 години од неговата кариера помина глумејќи токму во народните приказни.
Многупати за македонските медиуми има кажано дека работата со неговите колеги како што се Ванчо Петрушевски, Шенка и Ѓорѓи Колозов, Анче Џамбазова и останатите му претставувала задоволство и дека по толку многу снимања тие почнале да се чувствуваат како едно семејство.
Во едно свое телевизиско интервју Лазар истакна дека таква екипа како таа тогаш повеќе никогаш нема да се повтори, а со тоа можеме и сите да се сложиме.
Денешните приказни иако можеби снимени со поквалитетна опрема, сепак ја немаат онаа душа како старите приказни.
„Колозов беше двигател, Петрушевски, Тодоровски, Шенка, тие се великани. Јас како помлад член на таа екипа, сите шеги, сите вицеви беа на моја сметка. Како најскржав, како поглуп, и улогите ми ги даваа такви“, кажа Бараков.
Актерот денес иако сѐ уште ангажиран професионално, сепак повеќе ужива во седмата деценија од животот заедно со сопругта Лилјана и децата Македонка, Викторија и Александар.
Малкумина знаат, но неговите деца исто така имаа актерски улоги уште како мали.
Денес тие му се најголема поддршка и придружба каде и да оди.
Гледајќи ги нивните фотографии на социјалните мрежи може да заклучиме дека станува збор за складно семејство, кое во сѐ се поддржува.
Минатата година беше една од најсреќните во семејството Бараков затоа што го добија вукот Стефан.
Лазар на социјалните мрежи соопшти дека заедно со ќерката Викториа оди во Висбаден, град во централниот дел на Германија за да го видат Стефан.
Оваа година, откако пандемијата спласна, неговата ќерка Македонка одлучи заедно со сопругот и синот да се вратат во родната Македонија и да поминат извесно време со најблиските.
Актерот не ја скри среќата од нивното доаѓа, па со фановите сподели: „Моите Германци на одмор во мајка Македонија“, напиша тој на Фејсбук.