Голема радост и среќа во домот на Јанкуловска – никогаш ПОЕМОТИВНА, од сите страни им пристигаат честитки
Ова беше посебен ден за Гордана
Ова беше посебен ден за поранешната министерка Гордана Јанкуловска и нејзиниот сопруг, адвокатот Влатко Илиевски.
Имено, нивниот син Петар тргнува во прво одделение, па мама Гордана ги сподели своите емоции и на Инстаграм.
Првиот училиштен ден“, напиша таа во описот на фотографијата на која малиот Петар е во друштво со своите мама и тато.
Инстаграм/ Гордана Јанкуловска
Очигледно дека Гордана и нејзиниот сопруг последните денови од август ги поминаа активно подготвувајќи го нивното прваче за школските клупи. Нивниот наследник доби голем број тетратки и моливчиња, но и ранец со лого на еден од најпознатите јутубери во регионот и од 2 септември го започна своето ново поглавје во животот.
Инстаграм/ Гордана Јанкуловска
Потсетуваме, Гордана на својот профил на Инстаграм често споделува заеднички фотографии со својот син Петар.
Инстаграм/ Гордана Јанкуловска
Таа во една пригода за Гламур магазин откри како Петар го добил своето име, но и како со сопругот го воспитуваат нивниот син.
„Не сме родители кои строго следат однапред пропишани правила и амбициозно го форсираат детето. Сепак на различни начини се информираме за фазите на развој и за тоа што може да се очекува на негова возраст“, изјави тогаш Гордана, истакнувајќи дека им е најважно да го научат на вистинските вредности во животот, да го поттикнат пристојно да се однесува и да стане добар човек. Како што вели таа, големо влијание во воспитувањето имаат и бабите, дедото, но и воспитувачките во градинката, па сите вие влијание понекогаш можат да се препознаат во неговите постапки.
Инстаграм/ Гордана Јанкуловска
Што се однесува до името Петар, Гордана откри дека името го одбрале уште пред да се роди затоа што има силна симболика.
Инстаграм/ Гордана Јанкуловска
„Петар не само што е име на еден од 12 Апостоли, туку неговото значење се поврзува со цврстина, одлучност и непоколебливост. Подоцна се покажа дека во однос на неговиот карактер името одлично му одговара бидејќи и на најмала возраст овие особини почнаа да се препознаваат во неговиот карактер“, изјави Гордана за Гламур.
Целото интервју со Гордана Јанкуловски можете да го прочитате тука…