Голема прослава во семејниот дом на Јордан Митев – ПОПУЛАРНИОТ ПЕЈАЧ ОБЈАВИ СРЕЌНА ВЕСТ
Еве како познатиот македонски фолк-пејач на својата сакана и’ ја честиташе годишнината
Еден од нашите најпознати фолк-пејачи Јордан Митев сподели радосна вест на социјалните мрежи.
Тој денес има голема причина за славење, а со видеото што го објави на Фејсбук им ги стопи срцата на сите.
Пејачот кој веќе неколку години ужива во бракот со својата сопруга Славица, отки дека денес е посебен ден за нив.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Имено, тие пред точно 6 години се заколнаа на вечна љубов, па денес ја слават годишнината од нивниот заеднички живот.
Фото: Фејсбук/ Јордан Митев
Тој објави видео од нивната свадба и тоа од моментот кога и ја пее песната „Моја кралице“ додека трубачите и свират на увце.
Фото: Фејсбук/ Јордан Митев
„Моја кралице, убавице, за мене си мелем на срце. Ќе те чувам јас, само за мене и заедно да остариме“, се вели во стиховите од оваа песна на познатиот пејач кој видеото од свадбата на социјалните мрежи го сподели со следниов коментар:
„На денешен ден пред 6 години! За мојата Кралица!“ напиша Јордан по што следуваа бројни честитки од неговите верни фанови.
Фото: Фејсбук/ Јордан Митев
Потсетуваме, Јордан и неговата сегашна сопруга се запознаа во Австралија, а на вечна љубов ќе е заколнат во 2017 година.
Фото: Фејсбук/ Јордан Митев
Таа е Македонка родена во оваа прекуокеанска земја, а по свадбата ќе решат да живеат во родното село на Митев, Подареш.
Фото: Фејсбук/ Јордан Митев
Пејачот во јули оваа година во интервју за Гламур магазин ја откри најубавата вест со која ја израдува целокупната јавност.
Имено, Јордан тогаш откри дека неговата сакана е блажена состојба и дека наскоро ќе се остварат во улога на родители.
Фото: Фејсбук/ Јордан Митев
„Фалењето некако како да ми е слаба страна, бидејќи јас оставам делата да зборуваат за мене и тие да ме фалат. Тоа најверојатно е подолгиот пат, но тој пат некако ми е најсигурен.“
„Но сепак еве за вашите читатели и за моите фанови во оваа прилика би сакал да откријам дека наскоро јас и мојата сопруга Славица ќе станеме родители. После многу турбуленции и многу други приватни работи кои за сега деталите ќе ги задржам за себе, конечно очекуваме да не огрее сонце кое ќе донесе радост. Така да наскоро ќе бидам татко, тоа е убава вест“, ни откри тогаш популарниот пејач.
Целото интервју со Јордан прочитајте го тука >>