Голема прослава во Мериот, Мијалкови славеа за внуката – испливаа фотографии од МЕКИЦИТЕ, дедото и бабата највесели!
И дедото и бабата пресреќни што си добија внукичка…
Поранешниот прв човек во Управата за безбедност и контраразузнавање на Македонија, Сашо Мијалков, и неговата сопруга, примабалерината Александра Мијалкова, пред четири дена станаа дедо и баба.
Нивниот постар син Јордан доби ќерка, а веста прва на социјалните мрежи ја објави сестрата на неговата сопруга Анастасија, Александра, која е во брак со познатиот македонски актер Атанас Атанасовски.
Семејството вчера направи голема прослава со своите најблиски роднини и пријателите меѓу кои имаше и ногу познати ликови.
Имено тие направија журка во хотелот Мериот на која пееше Тамара Тодевска, а дел од прославата можевме да видиме како од фотографиите што ги објави пејачката, така и од сестрата на снаата на Мијалков, Александра, која исто така сподели неколку моменти од овој интимен настан.
На снимките што испливаа на социјалните мрежи се гледа како бабата Александра игра со својот син и се весели, а Тамара објави и една фотографија на која е со Сашо Мијалков и на која се гледа дека е поприлично расположен иако наскоро треба да замине „принуден одмор“ во затворот во Струга.
Како што претходно објавија нашите портали, Мијалков наводно ја одложил тригодишната казна со која беше осуден за случајот Империја и која треба да ја издржува во струшкиот затвор заради болничко лекување, но очигледно и за да може да оди на мекици кај синот, пред да замине.
Мијалков сега и официјално е жител на Охрид, каде што извадил лична карта со адреса на живеење за да може да ја издржува казната завор во отвореното одделение во затворот во Струга, пишува „Денешен.мк“.
Тамара покрај фотографијата со Мијалков откри и како ќе се вика неговата внука. Имено, на една фотографија на која што е сликана со синот на Сашо, односно таткото на бебето, а на која се и тетките, таа напиша:
„Мекиците за Алесандра“, откривајќи дека внуката ќе носи име кое е варијанта на името што го носи сопругата на Сашо.
На прославата беше и познатата манекенка Катарина Ивановска заедно Перо Антиќ, како и ќерката на Трифун Костовски, Олга Костовска и поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа Милевска.
Погледнете како сите тие се веселеа заедно за пристигнувањето на новиот член во семејството на Мијалкови:
Бабата се весели заедно со синот, ги „скрши“ плочките од радости
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
И новопечениот татко цело време играше
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Тетката и чичкото пеат и се веселат
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Тамара ги крена сите на нозе…
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
BFF
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
И Олга блескаше на прославата…
Две убавици
Весела екипа
Катерина со Перо како „Бони и Клајд“
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм