Голема прослава во домот на Брена – цело семејство е пресреќно, а ПРИЈОВИЌ направи нешто со што ги изненади сите
Тие се согласуваат одлично
За синот на Лепа Брена, Виктор Живојиновиќ, вчера беше посебен ден. Неговата сакана Сандра Миљаковиќ го прослави својот роденден.
Таа вчера наполни 26 години, а повеќе од цела година е присутна во животот на семејството Живојиновиќ.
Таа добиваше честитки преку целиот ден, а на нејзиниот роденден не заборави и Александра Пријовиќ.
Таа приреди изненадување за неа и во својот дом направи мини роденденска прослава за неа.
Пејачката ја дочека Сандра со торта во облик на срце, а потоа таа по втор пат ги дувна свеќичките, со најубавите желби.
Тие двете никогаш не криеле дека одлично се согласуваат.
Нема некој што не се воодушеви
Инаку, Пријовиќ и пред само неколку дена ги изненади фановите кога на својот профил на Инстаграм објави фотографија од новиот член во семејството. Во прашање е пресладок домашен миленик.
На сликата се гледа мало кученце како спие во креветот, а сите беа воодушевени од глетката.
Но сепак, најмногу му се радуваше синот, малиот Александар, кој пејачката го доби со Филип Живојиновиќ.
Еве неколку изданија и од новата снаа на Брена…