Голема причина за славење во домот на Жељко Јоксимовиќ – неговата наследничка пресреќна, во ова издание изгледа брутално!
Пејачот Жељко Јоксимовиќ го прослави својот 51 роденден, а неговата сопруга водителката Јована Јоксимовиќ се огласи преку својот официјален профил Инстаграм и јавно му го честиташе роденденот.
Имено, Јована сподели неколку фотографии и емотивна порака со која јавно му се обрати на својот сопруг.
„Среќен роденден, љубов моја“ напиша кратко водителката и ги изненади сите со никогаш видена фотографија од Жељко.
Со емотивна порака на Жељко му го честиташе роденденот и неговата ќерка од првиот брак, Мина Јоксимовиќ.
Преку социјалните мрежи и Мина Јоксимовиќ, ќерката на пејачот му го честиташе роденденот:
„Нека му е среќен роденденот на најдобриот татко! Те сакам“ напиша Мина во описот на една нивна заедничка фотографија.
Инаку, Мина, покрај оваа фотографија на својот профил има и многу други со кои им го привлекува вниманието на сите.
Па така на нејзиниот Инстаграм можат да се најдат фотографии на кои позира во куси шорцеви, костими за капење и разни други атрактивни изданија на кои наследничката на познатиот пејач изгледа беспрекорно.
Таа со својот изглед и шарм им го привлекува вниманието на посилниот пол, а некои од нив погледнете во продолжение.
Потсетуваме, пејачот Жељко Јоксимовиќ повеќе од една деценија е во складен брак со водителката Јована Јоксимовиќ.
Тие имаат три деца, а Жељко ја има и ќерката Мина Јоксимовиќ од претходниот брак која порасна во вистинска убавица.
Мина талентот за музика го наследи од својот татко, а неодамна се пофали со диплома од Музичка академија.
Погледнете уште неколку нејзини изданија…
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм