Голема драма помеѓу Дарко Лазиќ и мајката на неговото второ дете – популарниот пејач изнесе шoкaнтни детали за Марина
Пејачот ќе и дава 500 евра на својата поранешна, но ја обвини дека земала се од нивниот дом
Марина Гагиќ го тужеше фолк-пејачот Дарко Лазиќ а првото рочиште треба да се случи за месец дена.
Марина истакна дека не можела да се договори со Дарко надвор од судските лавиринти, па решила да поднесе тужба.
„За жал, судот ќе мора да одлучи се иако тоа можевме да го направиме и сами. Барам полно старателство над детето. Иако како мајка имам приоритет, да не размислувам што ќе биде утре, за да не ме боли главата, морам вака правнички да ги расчистам работите. Утре да не мора да го бркам за потпис ако некаде сакам со детето да одам надвор од земјата или ако треба нешто за училиште или било што друго што може да искрсне. Ќе биде одредена и алиментација која ќе мора да ја плаќа. Што се однесува до расподелбата на имотот, јас секако не сакав да бидам во Брестач ни додека живеевме во таа куќа. Не сакав сите да бидеме во истиот двор, така што ништо од тие недвижности од него не ги барам, а тој и нема ништо друго освен тоа“, изјави Марина за српските медиуми.
На прашањето пак колку на Алексеј му недостига татко му, Марина ги шокираше сите со одговорот.
„Искрено и не го бара. Тие и не поминуваа нешто многу време заедно, па на Алексеј сега да му недостига“.
„Можеби се уште е малечок, па нема чувство дека Дарко му фали, но тие не се гледаат често“, изјави таа.
Од друга страна пак, Дарко вели дека Марина не му дозволува да го гледа синот и дека не е точно дека не сака да биде со него.
„Секогаш кога ќе се јавам да го видам детето, Марина е во некоја гужва, нешто завршува, нема време, па не ми се јавува“.
„На мене мојот син многу ми фали, глупо е тоа воопшто да го споменувам“, изјави пејачот за магазинот „Свет“.
„Јас се согласив дека детето треба да биде со мајката, но желбата ми е заедно да го одгледуваме, но тоа со неа не може. Така што таа желба таа да има апсолутно старателство но синот може само да ја сонува, јас тоа нема да го дозволам. Се согласив и алиментацијата да биде 500 евра, давам и повеќе од тоа. Не гледам кога колку давам бидејќи тоа е мое дете и секако дека нема никогаш ништо да му фали, иако сите што се запознаени со приказната велат дека толкава алиментација е претерана. Не се бунам, не кукам. Им помагав на другите, па логично е и за своите деца да го дадам и последниот денар“, вели тој.
„Не го бара имотот, но затоа не и пречеше кога си заминуваше да собере од дома се што сакаше. И никој не и правеше проблем за тоа. Јас таму им направив бајка, ништо не им фалеше. Сега треба преку весници да водиме вакви приказни кој на кој што му има направено, ОК“, изјави Дарко и додаде:
„Очигледно дека нејзината желба за реклама преку медиуми е голема, и јас не и се лутам заради тоа“.
И откако Лазиќ за медиумите изјави дека Марина однела буквално сé од нивниот дм, Марина повторно се огласи.
„Од куќата не изнесов ништо што претходно не го донесов и што моите родители не ми го овозможија. Не сакам ништо повеќе да коментирам само заради Алексеј, детето утре да чита. Инаку, имам многу што да кажам, изјави Марина за српскиот Телеграф. Истиот медиум од нивен извор близок до познатиот пар претходно објави дека домот на Лазиќ и Марина наводно целосно бил опремен од родителите на Марина кога таа останала во блажена состојба. Тие наводно сакале да им помогнат, посебно што тогаш пејачот се уште закрепнуваше од сообpaќajката, а нивната ќерка беше бремена.
Тогаш и двајцата беа без работа, па родителите на Марина решиле да им помогнат да го опремат нивниот дом во родното место на пејачот.
Непосредно пред Марина да си замине во куќата дошле и извршители заради долгот на пејачот кон Ана Севиќ и неисплатени алиментации. Како што пишува „Телеграф“, тогаш истражителите ги попишале сите работи во домот, иако тие биле купени од родителите на Марина.
По некое време, тие ќе се разделат, а Марина ќе одлучи со себе да ги однесе и сите работи што биле нејзини.
Само да потсетиме, Гагиќ стана позната како прва девојка која што Дарко ја престави во јавноста по бракот со Ана Севиќ.
Тие иако не се венчаа, нив за цел живот ги поврза синот кој во текот на следниот месец ќе биде предмет во судски процес. На овој судски процес ќе се одреди висината на алиментацијата која познатиот пејач ќе мора да и ја дава на својата поранешна свршеница на месечно ниво.
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ