Гламур интервју со Билјана Каран, модна дизајнерка

ADVERTISEMENT

Отворена и насмеана, секој што ќе ја запознае е воодушевен како од нејзиниот талент, така и од неверојатната харизма што ја поседува. Но, за нејзиниот извонреден талент мислам дека нема потреба да се зборува. Таа денес важи за една од најдобрите македонски модни дизајнерки, чии колекции со раскошни модни парчиња, венчални фустани и накит се наоѓаат на листата со желби на секоја модерна дама во Македонија, но и пошироко. Во разговорот Билјана ни открива со какви предизвици се соочува во својата работа, но и општо, што прави во животот, како ја негова својата убавина, дали искуството е важно во модата и како да го изградиме сопствениот стил…

Имавме многу причини да го направиме ова интервју со неа, па затоа не пропутајте ја приликата да го прочитате и да уживате во него.

ADVERTISEMENT

Како започна твојата приказна со модата?

Интересот за модата кај мене се јави уште од најранотo детство, но би рекла дека мојата модна приказна започна во Фиренца за време на моите студии по моден дизајн таму. Тогаш за прв пат моите креации се појавија на модната писта на финалната ревија по повод дипломирањето на престижната Академија Италијана. Екстравагантна во својата експресија, често добивав нарачки за моделите кои ги дизајнирав и изработував за себеси од лугето што ме срекаваа во град, што ми даваше огромна сатисфакција и елан неуморно да работам и истажувам во полето на дизајнот.

Какви жени ги носат твоите креации?

Девојките и жените кои ги носат моите креации не може да се сврстат во една единствена категорија. Секоја од нив е убава и оригинална на свој начин, има изградено чувство и осет за убавината, сака префинетост и оригиналност во модниот израз, ужива во животот и знае како да му даде квалитет на истиот. Знае дека личноста не е првото нешто што лугето го приметуваат поради тоа посветува внимание на изгледот што ја рефлектира нејзината култура и стил. Елегантна е, софистицирана и тотално авангардна. Модерна жена во вистинска смисла на зборот.

Покрај бројните ревии и колекции, последното нешто што го видовме од тебе е твојата колекција на венчаници. Како ја прифатија нашите идни невести и дали тие генерално ги следат трендовите?

На неодамнешниот саем за венчаници ја претставив мојата нова колекција венчаници, насловена „Timeless Love“ или Безвременска Љубов во превод, во која секој модел е приказна за себе. Трендовите никогаш не биле движечки фактор во мојата креација, бидејки јас се занимавам со креирање на нешто ново и уникатно и стилот и оригиналноста го имаат главниот збор особено кога станува збор за венчалните креации. Верувам дека секоја жена сака да биде уникатна на денот кога го кажува судбоносното да, поради што во новата колекција изборот на креациите е навистина разноврсен. Користев свилен брокат, шантунг, свилен шифон, повеке типови на сатен, жоржет и свилена органза. Застапена беше и чипката во своите варијации како и разни видови на тул кои покрај белата боја, беа надополнети и со бебешко розова и други пастелни нијанси. Некои модели се рачно плисирани и збогатени со аксесори од типот на реси, везени апликации, рачно изработени цветови, а некои модели ги украсив со бисери и лед диоди, чија светлина креираше ефект на звездено небо и ја заокружи екстравагантноста на колекцијата во мој стил. Пред да успеам да ја фотографирам, ги продадов дел од моделите но наскоро ке можете да ја погледнете со уште некој нов модел на мојата веб страница www.biljanakaran.com како и на порталот www.neamoda.com

ADVERTISEMENT

Колку време е потребно да се избере вистинската венчаница и што според тебе е пресудно во изборот?

Тоа секако зависи од невестата , но мислам дека доколку го видите она што Ви се допага веднаш ке кажете Да. Често во Високата мода не можеме да го пробаме моделот што ни се допага бидејки моделите се уникати и недостапни во повеке величини, поради што работата со професионалци е неопходна и го насочува и дефинира вистинскиот стил за Вас.

Која е најдобрата алтернатива за девојките што не сакаат класични модели на венчаници? И која боја освен белата е најдобар избор?

Алтернативите се бесконечни, а јас како дизајнер обожавам да создавам некласични модели. Тоа може да биде костум, исцели панталони, во форма на уникатен костим за капење. Може да си играме со кројот, поставеноста и позиционирањето на секоја парче, користењето на неконвенционални материјали и бои, кои јас суптилно ги вметнав во Timeless Love пролет / лето 2019 во пастелна варијантна, но тие можат да бидат и далеку посмели и тотално неконвенционални доколку тоа е желбата на клиентот.

А што е со кратките венчаници – колку се тие барани?

Иако во моите постари колекции често дизајнирав и пократки венчални фустани, тие најчесто поминуаа како фустанчиња за секоја пригода, но ретко невестите кај нас се одлучуваат за ваква варијанта. Доколку се одлучат тоа најчесто е дводелна венчаница чија основа е мини, а е надополнета со раскошна сукна која се вади и носи по желба. Во новата колекција имам таков модел на комбинизон со кратки панталони изработени од кроше чипка со масивна сукна од различни видови на тул отворена напред .

Покрај облека и венчаници, дизајнираш и накит. Какви материјали најчесто користиш и за кои девојки се наменети твоите парчиња?

Минатата година ја дизајнирав мојата прва колекција накит и украси за коса, која беше изработена по мој дизајн со помош и сугестија на професионалниот тим со кој соработувам, во однос на материјалите и начинот на изработка на истите. Изборот е најголем во регионот, а моделите веке може да се најдат во одредени онлајн продавници мегу кои и на neamoda.com .Колекцијата која вклучува украсни траки, венчиња, украсни шноли, укосници и чешлиња е надополнета со тиари и круни од некои од најпознатите светски брендови за невестински додатоци. Накитот кои е изработен со врвна технологија е уникатен и изработен во лимитирана линија од кристали, циркони и камчиња во боја. Украсните венчиња и шноли се надополнети и со рачно сечени цветови од различни материјали и бои. Може да ги погледнете на мојата официјала фб страница Biljana Karan Official или да ги нарачате онлајн преку веб станицата.

Како одлучивте да правите накит?

Тотално спонтано.

Кое е твоето омилено парче накит што го имаш дизајнирано?

Секое парче од колекцијата ми е драго. Но bestseller се Queen of the Sea венчето за коса во небесно сина кристални боја и масивните кристални обетките од истата колекција.

Дали би можела да ни откриеш нешто за твојата нова колекција?

Можам да Ви откријам единствено дека работам на нешто ново и свежо. Се работи за прет а портер колекција но не би откривала премногу бидејки е сеуште во почетна фаза.

Кога се облеката и модата во прашање, што е она што секоја жена според вас би требало да го има во својот плакар?

Плакарот на секоја девојка треба да е доволно богат и разнолик за да таа секогаш изгледа модерно. Малиот црн фустан верувам дека е неизоставен дел од плакарот на секоја модерна девојка или жена. Практични се и фустаните на преклоп во стилот на ДВФ Фустенберг, тука е и кожната јакна. А особено битни се добрите панталони кои најдобро и прилегаат на Вашата фигура, џинсот, и да не го заборавиме беспрекорен избор на обувки. Секако елегантниот вечерен фустан или тоалета е нешто кое секоја припадничка на понежниот пол треба да го има во својотата гардероба. Додека пак модните додатоци како неизбежен момент од стилот на секоја индивидуа го дефинираат и заокружуваат нејзиниот стил. Мислам дека ке се согласиме кога велиме дека модерната девојка во својот плакар мора да има гардероба за секоја пригода и тоа во повеке варијанти, вклучувајки ја и спортската.

А кои три парчиња се клучни во твојот плакар?

Сакам уникатни и вредни парчиња кои ги носам и чувам религиозно, тие се мојата инвестиција во нешто што ми пружа задоволство. Што се однесува до фустаните тие најчесто се моја креација но често ги комбинирам со специфично изработени јакни или палта. Тешко можам да го замислам животот без џинс без оглед дали се работи за фармерки, тексас јакна, кратки панталончиња или комбинизонки.

Каков е твојот личен стил?

Мојот личен стил во последните неколку години го минимализирав но во последно време се повеке уживам кога ке облечам нешто поектравагантно, всушност тоа отсекогаш бил мојот стил, различен,модерен, разигран и дизајнерски.

Што е она што ќе биде апсолутен хит за оваа пролет?

Оваа сезона костимите се во боја тути фрути. Тоа е тренди кодот за ова лето.
Чипката доживува еден вид на трансформација присутна во форма на додаток со поспортски и casual vibe.

Фустан или било какво парче гардероба со колоритен принт е „must have“ сезонава и не е ни битно дали ке го комбинирате во тон. Тотално модерен изглед во стилот на Версаче со повеке различни принтови комбинирани заедно е комплетно ИН.
Се вракаат бициклистичките кои сега може да ги комбинирате со поглам варијанта на палто, блуза и секако високи потпетици. Сеприсутен е тој спортски финиш на елегантните и поекстравагантни креации.

Фенди препорачува џебчиња, џебови и џебишта! на самите палта, кошули, панталони, ташни и појаси. Голем број светски брендови го имплементираа овој тренд во своите колекции и е абсолутен хит. Неконвенционалните неопрен костими и фустани се во истиот стил носејки го со себе оној специфичен Калифорниски шмек California Dreaming.

Земјените тонови го имаат главниот збор во полето на колоритните тенденции, а на модните писти тие беа претставени во комплетен монохроматски look. Белата, бежот, пудра бојата и нијанси на нив слични ги преплавија модните рафтови. Белите обувки се абсолутен хит за комбинација со овие бои.

70тите се вракаат на големо со patchwork во форма на крошет плетена чипка и секаков тип на реси или фустани изработени од плетенина во форма рибарска мрежа, изработени од кристалните реси и уникатни флорални плетенини кои ставаат посебен акцент на вредноста на рачната изработка во едно време на масивно производство и популарна брза мода.

80тите ги пратат со побелениот деним кој е присутен во форма на лежерни мини фустанчиња, избелени врекести панталони, екстра големи или оверсизед тексас палта и сечени шорцеви од џинс итн.

Акцентот е ставен на главата и рамениците а сезонава не може да ги одбегнеме и големите машни кои се абсолутно модерни и инвентивни. Модните додатоци се сеприсутни, кристалните и светкави или брендирани шноли и венчиња се шанса и декрет да и дозволат на секоја девојка да изгледа и да се чувствува како принцеза. Шапките и капите се скроз во мода, а наместо нив можете да ја декорирате својата глава со интересна марама во стилот на холивудските диви од златното доба.
Тоа во кратки црти би бил мојот преглед на трендовите за пролет/ лето 2019
Искористете ги за да бидете во чекор со времето но не го заборавајте својот личен печат, тоа е она што Ве прави автентични, незаменливи и неодоливи.

Изгледаш одлично – како ја одржуваш линијата?

Ви благодарам. Искрено иако сум моден дизајнер не сум тип кој е опседнат со сопствениот изглед. Можеби поради тоа што моето дизајнерско око нема проблем да ја види убавината кај секоја жена и во се. Не сакам стереотипи на убавина и сметам дека тоа се коси со природните закони. Секоја жена и битие е уникатна креација, единствена и оригинална таква каква што е, прифакајки ја својата убавина без оглед дали таа е во склоп со моменталните светски трендови е предуслов да ја споделите со светот и уште повеке да ја истакнете во стилот кој најдобро и прилега на Вашата фигура, тен и сензибилитет. Не гледам ништо убаво во тенденцијата да се копираме и личиме толку еден на друг, слепо пратејки ги моменталните трендови, што го губиме сопствениот идентитет а со тоа и својата мок вистински да блеснеме. Ја подржувам здравата исхрана и начин на живот поради ефектот и бенефитот кој го имаат на нашата добросостојба не поради мислењето кое би го имале другите за нас доколку сме дебели или слаби, и сметам дека секој треба да го најде својот спорт кој одговара и му годи на личниот сензибилитет и животен стил.

За мене тоа секогаш бил танцот тоест играњето на музиката којашто ја сакам, која ми е еден вид метидација, релаксација и вежба 3 во едно.

Бјути рутина што редовно ја практикуваш?

Благодарна сум и на природата и добрите гени поради што никогаш не користам пудра. Според мене водата е најдобрите еликсир за свежа и хидрирана кожа. Навечер користам масло од јојоба во комбинација со неколку етерични масла со кое го чистам лицето и ја отсранувам шминката. Понегогаш додавам масло од арган на одредени делови од лицето и вратот. Масажите за лице кој ми се специјалност често ги заборавам, но искрено ги препорачувам бидејки тие ја раздвижуваат циркулацијата и ги зајакнуваат мускулите на лицето што е особено битно за еластичноста на кожата. Обожавам сауна бидејки делува како еликсир за целото мое тело и често ја посетувам. Генерално отсекогаш повеке внимание полагав на препаративната козметика одошто декоративната, но во секој случај секогаш сум користела најквалитетни и испитани производи кои ги нарачувам и од другиот крај на светот. Според мене не треба да се штеди на производи кои ги ставаме на нашето лице и кожа, таа сепак е најголемиот орган на нашето тело. Тоа е во суштина мојата бјути рутина. Малку шминка многу хидратација.

Козметички производ или шминка без кој не излегуваш од дома?

Најчесто користам коректор, маскара, руменило и кармин или лабело. Но се случува да излезам и без ништо. Не сакам да бидам роб на стварите, сакам да си играм со нив. Јас сум таа што сум со шминка или без.

 

Кои се твоите планови за во иднина?

Ако животот ме научи нешто тоа е да не планирам премногу нанапред. Да јас имам идеја и визија каде сакам да бидам, што сакам да правам и како да го постигнам тоа, но успехот ми се чини пореален и попријатен кога не си ставам преголеми притисоци и очекувања, напротив верувам дека квалитетот на нашиот живот не зависи од тоа што ке го постигнеме туку како се осекаме додека го правиме тоа, овде и сега. Јас го сакам мојот живот и благодарна сум за искуствата и моментите кои ми ги пружа поради што настојувам да го правам тоа што го сакам најдобро што знам со фокус на моментот. Иднината е мистерија, минатото историја но овој момент сега е најголемото богатство искрено верувам во тоа. И не се сомневам во сопствениот талент и знаење да ги реализирам моите најголеми желби. Сепак оставам на мојата работа, труд и време да зборуваат за моите идни планови кои се во насока на реализација на мојот креативен потенцијал.

Фото: Ерина Богоева
Facebook Comments
(Visited 791 times, 1 visits today)

ADVERTISEMENT