Џан Јаман моментално важи за најпопуларен турски актер кој на тв екраните се појави во 2018 година.
После тоа секој следен проект во кој учествуваше уриваше рекорди на гледаност, а згодниот Јаман кариерата ја прошири во Италија каде моментално живее.
За него интересно е да се каже дека беше во врска со италијанската новинарка Дилета Леота. Дилета по четири месеци одлучила да стави крај на љубовната приказна со Јаман, а како главна причина се наведува дека е неговата голема љубомора.
Исто така медиумите пишуаат дека згодиот Џан Јаман не можел да се носи со убавината на неговата девојка. Бил љубоморен на сите погледи кон Дилета.
Овие работи на убавата новинарка многу и сметале, па поради тоа одлучила да раскине со убавиот актер.
Но за Џан може да се каже дека е миленик на жените кој не само што изгледа убаво исто така е и паметен: Завршил правен факултет во Истанбул и извесно време работел во адвокатска фирма.
На одмор, не очекувајќи ништо, тој заминал на аудиција за ТВ серија и секако – ја доби улогата! Кој би го одбил овој адвокат, модел и нов актер знаејќи каква популарност ќе донесе серијата.
По серијата „Долунеј“ што го прослави, овој актер од косовско-македонските корени ја прифати улогата на фотограф и сопственик на агенција за маркетинг во серијата „Сонувач“.
Колку станал популарен, покажува и фактот дека тој има над 8,2 милиони следбеници на Инстаграм, каде што често ги почестува своите фанови со слики без маица.
Џан призна дека е многу себичен во љубовта, не сака да прави компромиси, ниту пак би бил подготвен да се промени себе си заради својата подобра половина.
Тој е всушност доста е пребирлив кога станува збор за жени: Не сака гласни, нападни девојки, но исто така не сака мистериозни, тивки жени.