Ги тужи родители и бара оштета од 87.000 долари бидејќи му фрлиле колекција со филмови и списанија за возрасни

40-годишeн маж од Индијана минатата недела поднесе тужба против неговите родители бидејќи му фрлиле цела  колекција порнографски филмови  во вредност од над 29.000 долари.

Откако се разведе од неговата сопруга во 2016 година, се вратил да живее со своите родители девет месеци, по што нашол нов стан и го напуштил семејниот дом.

ADVERTISEMENT

Во меѓувреме, неговите родители ги замолил да му ги испратат работите, но ви кутиите кои биле пратени недостасувале порнографските списанија и филмови .

Родителите признаваат дека фрлале кутии кои содржеле порнографска содржина во која биле вклучени наслови како „Frisky Business” и „Big Bad Grannys”.

Во тужбата, оштетениот син,  која ја напиша ставен е и мејлот на таткото во кој е напишано : „Ти направив одлична услуга кога се ослободив од овие работи. Верувал или не, еден од причините што го направив ова е за твоја благосостојба, ментално и емоционално здравје, а ќе го сторев истото ако најдев кокаин. Се надевам дека ќе ме разбереш еден ден “.

Синот бара  финансиски надомест за изгубената содржина која изнесува 87.000 долари.

 

Facebook Comments
(Visited 52 times, 1 visits today)