Интервју со Васил Гарванлиев.
Многумина од нас пораснаа со неговата детска песна „Марионка“ која пред повеќе од 20 години ја испеа на „Златно славејче“. Мајките и ќерките и тогаш и сега беа воодушевени од неговиот прекрасен глас – тогаш како симпатично детенце кое ја испеа една од најпознатите детски песни на сите времиња во Македонија, денес како извонреден пејач кој со својата песна „Ѓердан“ не остави без зборови. Денес Васил Гарванлиев (34) е успешен оперски пејач со интернационална кариера, има настапувано со најпознатиот светски челист Јојо Ма, а во план му е да направи оригинална музика и концептуален соло концерт кој ќе го претстави нашето музичко богатство преку кое сака на светот да му покаже што е тоа Македонија.
Но и покрај големите успеси и бројни настапи надвор од нашата земја, тој сепак реши да се врати и овој пат да остане малку подолго во Македонија. „Мора да се цениме и поддржуваме еден со друг. Само така ќе ги скршиме сите пречки пред нас, а уметноста и спортот се тоа што ја води, воздигнува и гради татковината. Во нив нема политика, нема раса, нема боја“, ни вели Васил додека разговаравме и ќе додаде „Сите сме едно“…
Италија, Америка, Канада, Македонија… Каде Васил се чуствува најмногу свој?
На сцена и во кревет хаха … Mоже да звучи многу клише, но локацијата не ми значи многу на мене. Сам со себе, едно големо ладно шише вода, клавир, пријатели и среќен сум. Каде и да е, можеби цело тоа патување и константно селење ме научи да сум ОК сам со себе. (Ќе има книга еден ден за тие патешествија хаха …)
Беше дел од евровизискиот тим. Како искуство беше тоа за тебе? И како се чуствуваше во моментите кога нашата земја се наоѓаше на врвот?
Многу убаво и незаборавно чуство, што бев таму за Тамара, да ја спремам вокално и да запеам зад неа беше многу специјално искуство. Целиот процес ми потврди дека сум на прав пат со моите лични одлуки.
Мислам дека тие неколку слики што ги имаме за време на гласањето се одговор на тоа како се чуствувавме. Шок & Сон.
Уште од почеток јас реков дека сме 6то место, и не бев далеку. Допрва доаѓа нашето време. Се надевам со ова покажавме дека моќта е во тимската работа и дека само уметноста ќе не однесе на врвот!
Те паметиме по песната „Марионка“, детскиот евергрин кој пред повеќе од 20 години го испеа на фестивалот „Златно славејче“ и не освои сите. Со што во моментов се знаимава Васил?
Музиката ми е животот, многу сум благодарен што од многу мал препознав за што сум роден и каков талент поседувам. Во моментов сум во студио снимајќи ги следните проекти. Последниов месец имав два многу важни и успешни настапи дома: Тоше трибјут со мојата драга Александра Јанева на „Струмица опен фест“, краток настап на МКД песни во Њујорк со Давор Јордановски, и имав прв оперски настап во филхармонија со Полифонија на барок опера во концерт- Дидо и Енеа.
Дали и како се грижиш за твоето тело?
Теретана. Вода. Медитација.
Многу често кога сум во Скопје го започнувам денот трчајќи покрај кеј. Во Струмица теретана 5-6 пати неделно.
Вода вода и вода. (на паузите благо). Цело време каде и да сум имам големо шише вода со мене 4-5 литри на ден минимум.
Покрај тоа пробувам и колку што можам да практикувам мирни моменти на дишење дури да е 1-3 минути на ден. Тоа ми помага да се проверам & слушнам самиот себеси и продолжам со денот.
Јавноста ве познава како ведар, насмеан и љубезен човек. Што може да ве налути? И која човекова особина најмногу може да ве повреди?
Кога најтешките моменти ме сполетаа бев многу среќен што имав неколку ментори околу мене. Една од нив знаеше дека многу тежок период ме следи …Бев само 17 год, ден два пред да мора да го напуштам Чикаго и ми рече:
“Vas … You’re about to enter a testing period of your life. I ask you for two things: use me as a live journal and write your emotions, and the second – you’re gonna cry a lot, every time it happens dig your pointer finger nail into your thumb and Smile. When you learn your lesson message me”!
Не да беше во право, не бев ни свесен што ме следи следните 4-5 год, но тоа го практикував и сега се ежам кога се сеќавам на пораката што и ја напишав после научената лекција:
“Драга ДМХ
Само преку болка во животот ние учиме како да ја цениме и примиме среката кога ќе ни тропне на вратата.„Те сакам Вас”. Верувам во карма и кога можам давам СЕ од себе за да помогнам и без разлика на се 98% сум искрено насмеан.
Ме лути кога некој повредува некого само за да се чуствува подобро.
Како се справувате кога ќе сфатите дека сте донеле некоја погрешна одлука или пак сте погрешиле во врска со некого?
Учам од неа. Кога доаѓа до некој друг, се извинувам ако видам дека сум згрешил или повредил некого. Ги третирам луѓето како што сакам да сум третиран.
Која е последната дестинација која ве оставила без здив и зошто, и која е наредната која ви е во план да ја посетите?
Хмммм, пред неколку години во Версај. Имав многу убав настап, но магијата се случи отпосле. Ме поканија на фото сесија во собата на огледала што ми е СОН! Најинтересно беше што Ким К & Канје во исто време ја бараа собата за веридба. но не им дозволија. Sorry not sorry haha .
Египет ми е на листа, а и Битола! Никогаш не сум бил, а многу убави работи слушам за неа.
Што за тебе претставува модата и како би го опишал твојот личен стил?
Симетричен бунтовник. Обожавам кожа, и ако ги забележите моите 3 последни проекти кожените парчиња/детали се присутни во сите. Ѓердан Армани појас, Вивиен Вествуд кожена маица, во Дом, Патување, Љубов – Балмаин кожена блуза, а на Евровизија – кожена круна.
Кои ти се следните музички планови?
Оригинална музика и концептуален соло концерт кој ќе го претстави нашето музичко богатство, и се надевам ќе го проширам насекаде едуцирајќи ги сите надвор што е тоа Македонија. Скоро година дена формираме прав тим на луѓе за оригинална музика. Имам снимено доста оригинални песни, сега е време за стратешко пласирање на сите нив.
Мора да се цениме и поддржуваме еден со друг. Само така ќе ги скршиме сите пречки пред нас, а уметноста и спортот се тоа што ја води, воздигнува и гради татковината. Во нив нема политика, нема раса, нема боја.
Сите сме едно!
Инстаграм профилот на Васил погледнете го тука >>