Братот на Жељко Јоксимовиќ, Саша Јоксимовиќ моментално поминува низ турбулентен период.
фото инстаграм/Саша Јоксимовиќ
Тој по повеќе од 20 години брак со неговата сопруга Невена стави крај на љубовта и решија да се разделат.
фото инстаграм/Саша Јоксимовиќ
Оваа вест ги изненади сите, а Саша накратко се огласи на социјалните мрежи за да потврди дека тој и Невена повеќе не се заедно.
фото инстаграм/Саша Јоксимовиќ
Братот на Жељко Јоксимовиќ цел живот има сериозен здравствен проблем со стомакот, што го откри гостувајќи во емисијата „РТС Ординација“.
фото инстаграм/Саша Јоксимовиќ
Имено, тој од средното училиште носи бактерија која му предизвикува големи болки, а како што тврди, ниту еден лек не му помага. Станува збор за сериозни здравствени проблеми поради кои Саша неколку пати бил на инфузија.
фото инстаграм/Саша Јоксимовиќ
Но, овој август Саша реши да заборави на своите проблеми. Актерот замина на летување а на социјалните мрежи објави насмеано „селфи“ од лежалка.
фото инстаграм/Саша Јоксимовиќ
Иако не се знае каде летува според фотографијата може да се забележи дека ужива во сончањето и солената вода и дека му бил потребен ваков одмор.
фото инстаграм/Саша Јоксимовиќ
– Ги известувам сите, јас и Невена повеќе не сме заедно. Секој со свои афинитети и доста е. Биди му најдобра мама на нашиот Илија, а и јас нема да бидам лош татко. Без коментар – напиша актерот.
фото инстаграм/Саша Јоксимовиќ
Тој неодамна преку Инстаграм и се обрати на Невена со неколку прекрасни, трогателни зборови и ги расплака сите.
фото инстаграм/Саша Јоксимовиќ
-Таа е навистина надарена и талентирана на многу полиња, но мислам надарена во смисла на давање. Таа му дава толку многу на своето семејство, таа е толку непоколеблива сопруга и мајка што мило ми е што е со мене. Таа е посилна од мене, ме турка и по цена да се измори и тоа да ја врати наназад. Тоа е жртва што многу ја ценам и почитувам и секогаш ќе кажам дека тоа беше моја вина. Нема да дозволам да се чувствува лошо и ќе се извинам ако згрешив. Нејзината улога во мојот живот е непроценлива – напиша Јоксимовиќ за својата Невена.