Ги испеа најголемите македонски хитови: Како изгледа денес пејачката со глас како славеј
Македонската пејачка со ангелски глас со години е синоним за убавина, одмереност и скромност.
Кате Танева ги испеа најголемите хитови, кои до ден денес ги знаат и ги пеат и помладите генерации.
„Запри дожду“ и „Никој ме нема така љубено“, се евергрините без кои не може да се замисли ниту една прослава во земјава.
ФОТО: Фејбук / Кате Танева Ѓоргиев
Во јавноста е позната како Кате „Нели ти реков“ поради групата која го носи истото име, а со која настапуваше повеќе од 3 децении.
Учествуваше на сите познати фестивали во Македонија, освојуваше многу награди и секогаш пленеше со својот вонсериски глас.
ФОТО: Фејбук / Кате Танева Ѓоргиев
Потекнува од музичко семејство, нејзиниот татко свирел жичани инструменти.
Уште како дете покажувала талент за музиката, а голема поддршка имала и од своето семејство.
Нејзините музички почетоци биле уште дека била многу мала и тоа на фестивалот за деца „Златно славејче“.
На овој фестивал Кате настапила со песната „Во името на светот“, која не станала голем детски хит, но во себе содржи убава порака.
На почетокот на својата кариера таа прво пеела забавна музика, а за пејачите кои пеат по ресторани и кафеани имала лошо мислење.
Секогаш одмерена и скромна, Кате ретко зборува за својот приватен живот.
ФОТО: Фејбук / Кате Танева Ѓоргиев
Долги години успешно плови во брчните води, а плод на љубовта меѓу неа и сопругот се синот Марко и ќерката Ларита.
Кате денес е една од најуспешните македонски пејачки и може да се пофали со кариера и хитови какви секој пејач посакува.
Не сака многу да експериментира со изгледот и изгледа скоро исто како на почетокот на својата кариера.
Погледнете: