Ги зафати „фудбалската треска“- по кopoнавирусот и вaкцинитe, МАКЕДОНСКИТЕ политичари во досега невидено издание
Премиерот и неколку познати македонски политичари во опуштено издание.
Често сме навикнати да ги гледаме политичарите во костими и со сериозни прес конференции, но овојпат дел од политичарите во шорц, маичка и патики играа фудбал во Желино.
Премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Битиќи и генералниот секретар на Влада, Мухамед Зекири играа фудбал, а фотографиите ги објавија на Инстаграм.
Со оглед на тоа дека се ближат локалните избори, политичките партии ги започна своите посети по градови и општини, а една од нив беше и Желино.
„Прекрасно спортско неделно попладне во Желино.
Со членовите на раководството на@sdsmakedonija денеска во Желино пуштивме во употреба ново спортско игралиште, со средства од #СДСМ, изградено во рекорден рок.
Ја искористивме приликата да одиграме партија фудбал и со тоа да го отвориме за користење за граѓаните на Желино.
Младите од оваа општина сега имаат нов современ простор за спортување и рекреација.
Спортот зближува, спортот е инвестиција во здравјето и иднината.
Продолжуваме да инвестираме во сè она што е важно за сите, подеднакво и во руралните и во урбаните средини“ напиша Заев.
Инаку викендов и министерот Венко Филипче објави слична фотографија на која тој игра фудбал со едно момче.
„Брза партија фудбал е секогаш добра идеја“ напиша Филипче.
Бонус галерија
Министерот Филипче пред неколку дена беше на роденденот на малата Лара, ќерката на Јасмина Василковска, жената донор на срце и бубрези, која спаси три човечки животи.
Министерот Венко Филипче беше поканет на прославата од семејството на Јасмина за да го запознае девојчето кое тој ден го прослави својот прв роденден.
„Голема да растеш Лара, здрава, безгрижна, храбра и секогаш насмеана. Благородноста и хуманоста наследи ги од твоето семејството кое остави вечен белег во историјата на македонското здравство“, напиша тогаш Филипче под фотографиите.
ФОТО: Венко Филипче/ Фејсбук
ФОТО: Венко Филипче/ Фејсбук
ФОТО: Венко Филипче/ Фејсбук
ФОТО: Венко Филипче/ Фејсбук
ФОТО: Венко Филипче/ Фејсбук
ФОТО: Венко Филипче/ Фејсбук