Згодна и мистични.
Таква беше познатата актерка Кели Мекгилис, која стана позната од филмот „Топ Ган“. Во осумдесеттите години, таа го привлече поголемиот дел од публиката по својот изглед. Денес, како што самата признава, изгледа запуштено и не се занимава со филмската индустрија.
Нејзиниот повлечен живот и помалите улоги не и го отворија патот кон холивудскиот блокбастер, иако Кели вели дека би сакала да снима. Според „Мирор“, продуцентите решиле дека таа нема да има голем успех, а освен тоа, Кели води бар и е посветена на хуманитарната работа.
Поранешната бомба беше снимена деновиве од страна на фотографите во близина на нејзиниот дом во Флорида. Реакциите беа разновидни, претежно сите се сетија на нејзиниот изглед од тоа време. „Знам дека мојот изглед не е ни приблжно на тоа што некогаш бев, но не се согласив на операција и интервенции што би биле во чекор со моите помлади колеги“, рече таа за американските медиуми.