Гастрбајтер открива како навистина се работи во фабрика во Германија: Ако дојдеш во 5.30 веќе е доцна, ручекот го одработуваме
Веќе со години се зборува за работата во Германија, предностите и мааните, заработката и условите за работа, а главно за одењето во оваа земја се говори како за „бегство во подобар живот“.
Еден наш гастрбајтер кој со години работи таму, откри како всушност изгледа реалноста и работното време во германска фабрика.
„Со неполни 20 години заминав кај родителите во Германија. Според тогашните закон без малолетен, а служев војска. Полнолетството тогаш беше на 21 година. За неколку месеци ги средив сите докумнети и најдов работа на оглас. Дотогаш нешто работев на црно. Тешко ми беше да станувам во 4.30, но се навикнав. Се работи од 6 часот.
Ако дојдеш во 5.50 часот – веќе е доцна – не стигнуваш ниту да се пресоблечеш, ни кафе, ништо. В0 6.01 машините работат турбо како да е 10 часот.
Од 8.55 – 9.00 се мијат раце. од 9.00 – 09.10 појадок. Времето за појадок паѓа на товар на работодавачот.
Во 11.55 се мијат раце повторно.
Од 12 до 12.30 е ручекот (тој половина час го одработуваме)
Во текот на работата никогаш нема време ни вода да се напиеш, а ако сакаш во тоалет го повикуваш бригадирот да те замени (не е ограничено колку пати).
Кој на ваквата и слична дисциплина не сака да се навикне, нека остане овде. Условите за работа се екстра, иста температура и во лето и во зима. Прекувремената работа се плаќа и неколку денови однапред се најавува и не е обврзувачки, само она од договорот.
– Кога се работи, се работи, кога ќе си дојдеш дома никој во врска со работата не те вознемирува, објаснува момчето кои работи во Германија.
Голем пад на германската економија
Најновите податоци покажуваат дека германската економија опадна за 2,2 проценти во првиот квартал од 2020 година, што претставува најголем квартален пад од финансиската криза во 2009 година.
Ваквиот резултат е секако поради затворањето на продавниците и фабриките во март поради воведените мерки за да се спречи ширењето на коронавирусот.
Бруто домашниот производ на најголемата европска економија забележа пад од 2,3 проценти на годишно ниво во периодот јануари-март, откако во претходните три месеци имаше раст од 0,4 проценти, според десезонираните податоци на Федералното биро за статистика.
Германија ќе има речиси 100 милијарди евра помалку приходи од данок поради пандемијата на коронавирусот, процени германскиот министер за финансии Олаф Шолц.
Според новата проценка, вкупните приходи од данок во 2020 година ќе бидат 717,8 милијарди евра, наспроти 799,3 милијарди евра лани.
Оваа година, за првпат по финансиската криза во 2009 година, Германија ќе има пониски даночни приходи, но се очекува да се зголемат следната година. Владата во Берлин го суспендираше лимитот на јавниот долг и планира 156 милијарди евра нови заеми, се со цел да ја поддржи економијата во услови на криза.
Германската Влада предвидува дека ќе има историска рецесија од 6,3 проценти оваа година, поради воведувањето рестриктивни мерки во борбата против пандемијата.