Гавазова се пофали со своето ново „милениче“ – ќе се „шокирате“ колку пари чинат овие модни детали
Пејачката во издание за кое сите зборуваат
Познатата фолк-пејачка никогаш не изгледала поубаво
Познатата -фолк пејачка Сузана Гавазова на социјалните мрежи покажа модно издание со кое ги воодушеви сите.
Облечена во црно од глава до пети Гавазова овој пат се надмина себеси кога е стајлингот во прашање, но покажа и дека не штеди пари кога се облеката и модните додатоци во прашање.
Имено, таа носеше црни хеланки и тесна црна блуска со кои го истакна своето тело, но она што многумина го забележаа беа и деталите со кои нашата фолкерка го заокружи целото ова издание.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Пејачката во рацете држеше чанта од популарниот дизајнерски бренд Луј Витон, а со истото лого беше и ременот што го носеше.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Гавазова која со своите следбеници на Инстаграм неретко споделува моменти од своето секојдневие, овој пат посебно внимание привлече токму со овие популарни модни додатоци.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Во прашање се луксузна чанта и ремен кои не може да си ги дозволи секој, а колку чинат слични модели на официјалната страница на познатиот бренд погледнете во продолжение…