Гавазова објави paзголени фотографии, па „pacпали“ за сите пари по ХЕЈТЕРИТЕ – ја боли, ама не престанува да им оди на нерви!
Не ги остава да земат здив…
Познатата македонска фолк-пејачка Сузана Гавазова деновиве на социјалните мрежи постојано објавува фотографии на кои позира во минијатурни костими за капење, а овој пат откри дека не мисли да престане со тоа.
Таа едноставно се чувствува прекрасно во своја кожа, па реши да распали по хејтерите што ја напаѓаат на социјалните мрежи.
Таа објави многу снимки и видеа од кои можеме да видиме дека е горда на тоа како изгледа, но и дека ужива во првите денови од годишниот одмор. Таа ги спакува куферите из заедно со својот сопруг и децата замина на Миконос, а очигледно објавувањето на вакви фотографии ја ослободуваат и ја прават среќна, посебно што многумина уживаат во тоа.
Но очигледно дека меѓу корисниците на социјалните мрежи има и такви кои што „мрчат“ за сето она што фолкерката го прави, па пејачката реши да не молчи, туку јавно им се обрати преку социјалните мрежи.
„Ги читам коментарите за мене и не ми се верува колку грди зборови можат да напишат некои луѓе (во главно мажи) и се прашувам зошто? кај нас жената е многу навредувана и тоа не е во ред, размислете малце пред да напишете глупост“, напиша Гавазова врз снимката на која позираше во црвен дводелен костим за капење со кој и овој пат направи хаос на Инстаграм.
„Почитувајте го тоа што е ваше, барем со молчење ви се молам“, додаде таа, а потоа објави уште неколку „пикантни“ снимки.
Инаку, Гавазова изгледа бомбacтично и кога не е во вакви опуштени изданија, за што сведочат и снимките од нејзините настапи. Таа не сака да ја крие својата сјајна фигура и едноставно секогаш блеска кога е на сцената, без разлика дали носи елегантни или провокативни фустани, панталони, тесни здолништа или најобични фармерки.
Од друга страна, со фотографиите што ги објави деновиве на Инстаграм покажа и дека нема проблем со целулит, како и дека има тенка половина и ниту грам вишок и покрај тоа што зад себе има две бремености.
Фото: Принтскрин/ Сузана Гавазова
Нејзиниот сопруг кого го запозна додека беше на турнеја во Шведска се горде со својата сакана сопруга, и не само што не е љубоморен, туку не ретко и самиот ја фотографира и ја поддржува во сто она што го прави.
Тие важат за еден од најскладните парови на естрадата, а плод на нивната љубов се нивните две ќерки.
Погледнете ги и останатите фотографии, но и новата тетоважа што Гавазова ја има на својата „позадина“…
Фото: Принтскрин/ Сузана Гавазова
Фото: Принтскрин/ Сузана Гавазова
Фото: Принтскрин/ Сузана Гавазова
Фото: Принтскрин/ Сузана Гавазова
Фото: Принтскрин/ Сузана Гавазова
Фото: Принтскрин/ Сузана Гавазова
Фото: Принтскрин/ Сузана Гавазова
Фото: Принтскрин/ Сузана Гавазова
Фото: Принтскрин/ Сузана Гавазова
Фото: Принтскрин/ Сузана Гавазова
Фото: Принтскрин/ Сузана Гавазова
Фото: Принтскрин/ Сузана Гавазова
Фото: Принтскрин/ Сузана Гавазова
Фото: Принтскрин/ Сузана Гавазова
Фото: Принтскрин/ Сузана Гавазова
Фото: Принтскрин/ Сузана Гавазова
Фото: Принтскрин/ Сузана Гавазова
Фото: Принтскрин/ Сузана Гавазова
Фото: Принтскрин/ Сузана Гавазова
Фото: Принтскрин/ Сузана Гавазова
Фото: Принтскрин/ Сузана Гавазова
Фото: Принтскрин/ Сузана Гавазова