Гавазова нападната додека се бањала во морето?! Со шокантно видео ги предупреди своите фанови
Пејачката ги покажа повредите што ги има на телото
Нашата позната фолк-пејачка Сузана Гавазова ги загрижи своите фанови со една од нејзините последни објави.
Имено, Гавазова на својот Инстаграм објави видеоснимка од која може да се види дека имала непријатна средба со медуза.
Таа покажа дека има неколку црвени белези на раката што и ги оставила медузата кои понекогаш знаат да бидат многу непријатни.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
И како што истакна пејачката, таа само сакаше да покаже како изгледа нејзината рака откако ја испече вакво морско „суштество“.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Белегот и раната на раката се уште и се гледаат, што често се случува кога кожата ќе дојде во допир со овие морски претставници од типот на жаркарки, па пејачката се снимаше со натажен израз на лицето.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Што да напрвите ако ве „пецне“ медуза
На интернет има бројни совети што укажуваат на тоа пто треба да направите доколку во морето ве допре медуза.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Она што е најважно е да не паничете, туку да излезете на брегот, да ја измиете раната со морска вода и да ги отстранете пипалата.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Не треба да користете свежа вода бидејќи пипалата ќе се залепат на кожата, а ако можете нанесете мешавина од морска вода и сода бикарбона во размер 1:1.
Вообичаено, по контакт со медуза на кожата, се јавува алергиска реакција на супстанциите што се наоѓаат во нејзините пипала, но оваа изгореница обично не е опасна.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Меѓутоа, ако областа е поголема од дланката и ако се појават поголеми плускавци, треба да се јавите на лекар.