Реклама
Наши ѕвезди

Гавазова испрати емотивна порака до сопругот со која никого не остави РАМНОДУШЕН – еве што му порача пејачката на саканиот

Реклама

Македонската пејачка упати силна порака и ги воодушеви сите.

Сузана Гавазова е пејачка која долги години постои и е на врвот на македонската фолк сцена.

Маркетинг

Таа е дефинитивно една од најдобрите пејачки на естрадата, која публиката ја освои со специфичната боја на глас.

Освен што одлично пее, Сузе одлично и изгледа.

Фото: Инстаграм / Сузана Гавазова

Една е од ретките што може да се пофали и со глас и со стас.

Маркетинг

Својата музичка кариера ја започна уште додека беше релативно млада, а веќе зад себе има многу хитови, успешни концерти и настапи како во Македонија, така и во дијаспората.

„Докторе”, „Лудо лето”, „Бум бум” се само дел од нејзините хитови без кои не може да се замисли ниту една забава и прослава.

Фото: Инстаграм / Сузана Гавазова

Освен што е доста успешна во својата кариера, таа е доста посветена мајка и сопруга.

Доста е активна на социјалните мрежи, каде често споделува семејни фотографии, а во последно време вистински хит се нејзините видеа на кои покажува што подготвува за ручек за своето семејство.

Сузе ги сруши стереотипите дека успешните пејачки, не се добри домаќинки, па со видеата на кои подготвува традиционална македонска храна ја воодушеви публиката.

Фото: Инстаграм / Сузана Гавазова

Долги години Гавазова е во брак со сопругот Јасмин Курузовиќ.

Иако на почетокот живееја во Шведска Јасмин и Сузана одлучија да се вратат во Македонија, каде таа ќе може да се посвети на својата кариера.

Нејзиниот сопруг, кој по потекло е од Босна, се грижи за нејзината кариера.

Фото: Инстаграм / Сузана Гавазова

Нивната љубов ја надополнуваат и нивните две ќерки, Емили и Селена.

Фановите на фолк-пејачката имаат можност да видат фотографии од нејзините ќерки, кои дефинитивно ја наследиле убавината на мајка си.

Емили и Селена ги дели само една година разлика, а уште од мали години и двете се изложени пред очите на јавноста.

Фото: Инстаграм / Сузана Гавазова

Сузе често споделува фотографии и видеа на кои е во љубовен занес со сопругот.

Нивната љубов е силна како првиот ден.

Моментите кога се сами тие ги користат во романтична атмосфера во која уживаат и двајцата.

Фото: Инстаграм / Сузана Гавазова

Деновиве Гавазова сподели фотографија со чиј опис изненади многумина.

Се чини дека целта на пејачката е да упати директна порака до сопругот.

„Ако некогаш ме оставиш и престанеш да ме сакаш,
се колнам во моите очи, ќе ослепам!

Ако некогаш си одиш мојот живот ќе го уништиш
и не знам што може да ми се случи”, напиша таа во опис на фотографијата.

Фото: Инстаграм / Сузана Гавазова

Фото: Инстаграм / Сузана Гавазова

Фото: Инстаграм / Сузана Гавазова

Фото: Инстаграм / Сузана Гавазова

Фото: Инстаграм / Сузана Гавазова

Фото: Инстаграм / Сузана Гавазова

Фото: Инстаграм / Сузана Гавазова

Фото: Инстаграм / Сузана Гавазова

Фото: Инстаграм / Сузана Гавазова

Фото: Инстаграм / Сузана Гавазова

Фото: Инстаграм / Сузана Гавазова

Фото: Инстаграм / Сузана Гавазова

Фото: Инстаграм / Сузана Гавазова

Фото: Инстаграм / Сузана Гавазова

Фото: Инстаграм / Сузана Гавазова

Фото: Инстаграм / Сузана Гавазова

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button