Гавазова го растури интернетот, но руши рекорди и во Австралија – три нови песни, ги полуде луѓето
Никогаш не била поактивна
И додека некои не можат да објават песна со години, Гавазова за само неколку дена промовираше не една, туку – три!
Познатата пејачка Сузана Гавазова пред да замине на турнеја во Австралија направи вистински дар-мар на интернетот.
Имено, таа „преку ноќ“ издаде три свои нови песни за кои има снимено и спотови. Познатата фолкерка најпрво ја промовираше песната „Далавера“, а потоа и „ТикТок“, а откако ги спакува куферите и отпатува за Австралија, на сите социјалниет мрежи и платформата Јутјуб ја промовираше и песната „Невеста“.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
И ако судиме според реакциите на нејзините фанови, пејачката со објавувањето на овие три песни и три спота ги надмина сите очекувања.
Критиките се и повее од позитивни, а песните певливи и веќе се вртат на бројни сториња и објави на социјалните мрежи.
Потсетуваме, Сузана Гавазова претходната недела замина на турнеја во Австралија заедно со екипата од Молика, Џамбо Агушев, Мишел Трајковски и Мајкл карадаковски каде што рушат рекорди.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Тие веќе одржаа концерти во Сиднеј и Волонгонг, па отпатуваа за Мелбурн каде исто така најавуваат одлична забава за овој викенд.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Од нивните објави се гледа де салите се полни до последно место и дека сите се забавуваат одлично, а Гавазова по оваа турнеја продолжува со настапите надвор од Македонија, овој пат во Швајцарија, каде ќе има заеднички концерт со Драгана Мирковиќ и Мирослав Илиќ.