Гавазова во тесно фустанче замеша пред камерите, публиката во транс – тетоважите и змиcкoто тeлo никого не оставија рамнодушен
Гавазова никогаш не изгледала подобро
Тесните фустани и високите потпетици дефинитивно се најсилното opyжје кога е оваа пејачка во прашање.
Познатата македонска фолк-пејачка Сузана Гавазова досега сме ја гледале во најразлични изданија, од свечени, се до „кежуал“ и лежерни варијанти во кои тренира.
Таа секогаш со својот стајлинг никого не остава рамнодушен, а така беше и овој пат кога се појави во црно од глава до пети.
Имено, пејачката на снимањето на една емисија носеше тесен фустан со кој го истакна секој дел од нејзиното змиcко тeлo.
Во прашање е асиметрична креација, со еден долг ракав и интересно здолниште, кој згодната пејачка го носеше во комбинација со елегантни црни сандали со високи потпетици и коса врзана во пунџа.
Гавазова целото издание го заокружи со големи обетки и чокер огрлица која е апсолутен хит веќе неколку сезони.
Пејачката го украде шоуто кога во студиото се појави во ова издание, а ситуацијата кулминираше кога замеша на својот настап.
Следуваа голем број комплименти и пофални зборови на сметка на нејзиниот изглед, со кој Сузе и овој пат никого не остави рамнодушен.
Многумина коментираа дека пејачката и мајка на две ќерки е неверојатно згодна, а како изгледаше, погледнете во продолжение.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
https://www.instagram.com/p/CVToJ_doVrQ/