Време и е за трето, многу ми е ослабена нешто – Сара провоцира, сопругот се шегува на нејзина сметка
Никогаш не изгледала поубаво

Нашата позната пејачка Сара Мејс на социјалните мрежи сподели неколку фотографии на кои во преден план е нејзиното тело.
Имено, пејачката која пред помалку од година дена го роди своето второ дете се сликаше во костим за капење и никого не остави рамнодушен.
Таа позираше во морето, облечена во костим за капење во пастелна розова нијанса, боја со која го истакна своето беспрекорно тело.

Пејачката очигледно успеа да е врати во топ форма, па сега сите ги изненади кога покажа колку е згодна и затегната.

Сара позираше и со својата ќеркичка Илина, додека нејзиниот сопруг, водителот Димитар Атанасовски го чува малиот Кирил.

Кирил следниот месец треба да го прослави својот прв роденден и очигледно ужива за сите пари со вакви родители.

Впрочем за тоа зборува и коментарот на Сара која не крие дека кога би можела и цело лето би го поминала вака.

Следуваа бројни коментари на сметка на нејзиниот изглед, но и еден коментар што ги насмеа сите.
Имено, Сара под фотографиите напиша:
На прашањето: “Како не ви е досадно 2 недели на одмор?” Одговорот е: “Цело лето би седела да можам”, пишува пејачката, по што следуваше следнава забелешка.

„Пробај со трето дете, па ќе ти треба одмор од одморот“, коментираше еден корисник на социјалните мрежи.

Овој коментар очигледно го забележа и сопругот на пејачката, водителот Димитар Атанасовски, па во рамките на своите Инстаграм сториња се пошегува на сметка на својата сакана.

Време и е за трето, многу ми е ослабена нешто, ја коментираше тој истата фотографија, а потоа го додаде и следново:
„А плус досадно и е, седи на телефон…“ се пошегува водителот.
Погледнете ги и останатите фотографии од лудиот и незаборавен одмор во Египет на Сара и Димитар…
Фото: Инстаграм/ Сара Мејс
Фото: Инстаграм/ Сара Мејс
Фото: Инстаграм/ Сара Мејс
Фото: Инстаграм/ Димитар Атанасовски
Фото: Инстаграм/ Димитар Атанасовски
Фото: Инстаграм/ Димитар Атанасовски