Време е за крај… Се огласи Анастасија Ражнатовиќ, сите се изненадени!

Пораката на Анастасија Ражнатовиќ ги изненади сите
Празниците се пред нас, но и крајот на 2023 година, која на пејачката Анастасија Ражнатовиќ и донесе многу убави моменти, но и тешки.
Наследничката на Цеца оваа година ќе ја памети по тоа што на лудиот камен застана со својот избраник, фудбалерот Немања Гудеља.
Парот се венчал во тесен круг на пријатели и членови на семејството, тајно, во манастирот Рајиновац во близина на Белград, а Анастасија решила да биде сосема поинаква невеста.
Иако ја носеше традиционалната бела боја, пејачката не се одлучи за класична венчаница, барем не за оваа церемонија.
Пред да решат да се венчаат, Гудељ и приреди романтична вечера на Анастасија, каде ја запроси, а дел од атмосферата ja споделија со своите следбеници на Инстаграм.
Зад нив стојат и помалку убави работи. За жал, Анастасија го загуби своето бебе во петтиот месец од бременоста, кога летово се повлече од јавноста и извесно време немавме можност да ја видиме.
Во последниот месец од оваа година Анастасија објави поучна порака која изненади многумина, па се запрашаа за кого е наменета.
„Декември, месец на светлината, снегот и празниците; време за помирување или за ставање крај на некои работи; завршете го она што сте го започнале и надевајте се дека ќе ви се остварат желбите“, беше пораката на Анастасија Ражнатовиќ која ја објави уште во 2013 година на нејзиниот профил, а сега повторно ја сподели.