Во 2019-та Водолиите ќе зрачат со самодоверба и ќе се покажат како прави пријатели
Годишниот хороскоп за 2019 покажува дека Водолиите оваа година ќе ги собираат плодовите на работата од минатата година. Можеби нема да доживеете спектакуларен финансиски успех, но секако ви следи напредок.
Доколку некој проект не наиде на посакуваната поддршка, тоа само ќе ве мотивира да пристапите со нови, свежи и многу подобри идеи. Најдобро е да започнете со нови проекти до крајот на пролетта или и понатаму да ги развивате оние кои се добри.
Запаметете, плевелот може да го убие она што пробувате да го одгледувате. Нептун сеуште кружи во вашата куќа на пари и во 2019. Ослободете се од старите идеи и вложете се себеси во нови. Потрудете се да ги оставите долговите позади вас, како и проблемите, за да и ослободите место на идната продуктивност.
Ова е година на промени. Многу често Водолиите ги избегнуваат романтичните и интимните односи на долги патеки во корист на својата независност. Благодарение на движењето на Нептун, вашата чувствителна природа ќе започне да тежнее за нова животна лекција која може да донесе и сериозна врска. Тоа може да значи и давање шанса за раст и развој на веќе постоечката врска.
Венера ќе ви ја даде потребната поддршка да уживате во нови задоволства со вашиот партнер. До есента, голема е можноста да го отворите своето срце засекогаш. Нема да се плашите целосно да се предадете во текот на тој период. Можеби сеуште не сте спремни да се посветите на некој во потполност, но дојде време да се ослободите од тие стравови. Вашата мирна природа и овој пат ќе ви помогне да постигнете заедништво.
На здравото тело му е потребен смирен ум. Кога вашиот внатрешен свет ќе започне да се смирува, дури тогаш ќе ги почувствувате ефектите на добрата енергија. Ќе почувствувате директна корелација помеѓу виталноста и менталниот напредок. Продолжете да работите на сопствениот мир и спокој и исфрлете го стресот преку дневна релаксација.
Кога е во прашање здравјето, нема простор за загриженост за Водолиите во новата година што следи.