Во 1983 ја претставуваше Југославија на Евровизија со песната Џули, а денес е социјален случај
Познатиот пејач Даниел Поповиќ откако се појави во јавноста отсекогаш го следеле cкандали
Пејачот Даниел Поповиќ со првиот бенд со кој настапуваше немаше потпишан договор, што на крај скапо го чинеше, а се случија и многу други непријатности.
Парите од неговите свирки во тоа време не завршија кај него, а вакви интриги и сплетки го следат цело време.
Тој потоа премина во бендот „Сребрени крлилја“, но и тука доживеа разочарување.
Тие имаа закажен термин за да ги претстават новите членови на бендот, но на снимањето доаѓа само Даниел, а останатите членови не се појавуваат Телевизиската екипа е лута, а Даниел го напушти бендот.
Следниот ска-ндал се случи кога во 1983 година ја претставуваше Југославија на Евровизија со песната Џули.
Тогаш сите му предвидуваа голема кариера на Даниел – тој го освои четвртото место и песната беше мегахит. Но неколку недели пред натпреварот се случи cкан-дал, кога еден бенд негодуваше што на Евровизија оди Даниел, а не Лепа Брена, што во тоа време поприлично ја разбранува јавноста.
Тој во 1990 ќе настапи на Макфест со песната „Една игра, јас и ти“
Пото неговата кариера оди во удолна линија, се додека јавноста потполно нема да заборави на него.
Во 2005 година ќе се разведе од Сандра Петрж која е една од трите поранешни жени и со која го има синот Доминик.
Таа откако ќе се разделат во својата книга ќе напише дека пејачот додека биле во брак често ја малтретирал.
Во 2010 година ќе се појави во популарното ријалити „Фарма“, кое беше направено во Хрватска, кога се појавија вести дека ја изневерил сопругата Александра.
Но тој тогаш остро ги демантираше таквите наводи тврдејќи дека со неговиот брак се во ред.
Потоа во 2013 година изјави дека по разводот во 2005 година среќата ја пронашол во четвриот брак со Александра, но и дека живее на социјална помош во Љубљана.
Погледнете како изгледа денес…
Елеонора и Изолда
На многумина имињата Елеонора и Изолда Баруџија денес нема да им бидат познати, но сестрите Баруџија беа главните ѕвезди во спотот за песната „Џули“ која своевремено беше голем хит во Југославија.
Овие две згодни русокоси убавици во 80-тит години од минатиот век стекнаа голема слава со овој спот.
Тие му беа придружен вокал на Поповиќ на песната „Џули“ со која што се појавија на Евровизија со која го освоија четвртото место.
Една година подоцна, Изолда повторно ќе си ја проба среќата на овој фестивал, но овој пат во дует со Владо Калембер.
Но нивниот спот за песната „Ciao amore” имаше неколку сцени во кои Изолда се бања то-плec, и телевизиите не сакаа да го емитуваат. Спотот не се емитуваше ни во Турција каде што таа година се одржа Евровизија.
Сестрите набргу станаа симбол на женственоста во поранешна Југославија, а на врвот од својата кариера, во 1992 година, заедно настапија на Југовизија со песната „Еј, врати се“.
Изолда подоцна со сопругот, гитаристот Златко Манојлевиќ се пресели во Германија и продолжи да се занимава со музика.
Таа денес работи како професорка на музичката академија, а Елеонора остана во Белград и се омажи за музичкиот продуцент Зоран Тутиновиќ со кого има две деца, пишува српскиот портал „Ноизз,рс“.
Еве како тие изгледаат денес: