Во познатата турска серија глумеа пар, а сега Турчинот ја запроси и во ВИСТИНСКИОТ живот – честитки им пристигаат од сите страни
Пред неколку месеци медиумите прв пат објавија гласините дека Гокберк Демирчи и Озге Јагуз се пар.
Во прашање е турски пар на јавноста познат по нивните улоги во сериите, а кои ја започнаа љубовната врска за време на снимањето на љубовната романса „Заклетва“. Иако и двајцата собраа бројни симпатии како пар во споменатата серија, шокот следуваше кога Озге го напушти проектот.
Набргу потоа стигна и веста дека е во љубов со маркантниот Демирчи, а деновиве пристигна уште една вест. Имено, познатиот турски актер реши да ја запроси младата актерка која не се појавува во новата сезона на серијата Заклетва затоа што има улога во нова серија.
Демирчи клекна пред неа, а таа го кажа своето судбинско „ДА“, па нивната среќа решија да ја споделат и да ги израдуваат своите пријатели и фанови преку социјалните мрежи.
Тие досега не се огласувале често во врска со нивната романса, иако пред неколку месеци ја потврдија врската.
„Би сакала да им се заблагодарам на сите кои од почеток не почитуваа и поддржуваа. Сите кои ја поттикнуваа нашата љубов, големо благодарам.“
„Му се радувам на сето она што е пред нас и то не очекува“, напиша познатиот актер тогаш на Инстаграм.
Озге во „Заклетва“ ја глумеше убавата Рејхан. Таа со својата улога во оваа љубовна сага се прослави како во Турција, така и во регионот, но откако реши да го напушти проектот беше главна тема во турските медиуми.
Таа иако по професија е нутриционистка, ќе ја засака глумата, и како што вели ќе се пронајде во оваа професија. Но очигледно благодарение на глумата таа ќе го сретне и човекот на својот живот, а глумењето во серијата „Заклетва“ покрај популарност ќе и донесе и големо искуство.
Токму затоа и многумина се прашуваа зошто актерката ненадејно реши да го напушти овој проект, по што се огласи и таа и ја соопшти вистината.
Имено убавата актерка во текот на летните месеци призна дека ја напуштила серијата бидејќи завршил нејзиниот договор и дека е време да проба нешто друго.